Задушница

На 05.03.2016 г., во саботата пред Неделата на Страшниот суд, која е посветена на поменот на упокоените отци, браќа, сестри и чеда наши, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Панихида и Заупокоена Литургија во соборниот храм Свети Димитриј во Битола.

„Ние ќе ги спомнуваме, како што знаеме, на земјата, а претставените души ќе не спомнуваат нас на небесата, и нивната небесна молитва за нас, многу повеќе ќе ни принесува душевна полза, отколку нашата – ним. И не само праведниците, чии души се во рацете Божји, се молат на Господа за нашето спасение, но и душите на грешниците исто така се грижат за нас, за и ние да не се најдеме таму, каде што се тие, и по евангелската приказна, го молат светиот Авраам да ни испрати во домот некој праведен Лазар, за да не вразуми што треба да правиме, за да ги избегнеме вечните маки.“

Преподобен Антониј Оптински

P1260384 P1260399