Некои до сега се сомневаат и прашуваат, зошто е прославено царското семејство, кога тие, наводно, не ни пострадале заради Христа. И навистина, тие беа убиени од политички мотиви… А од друга страна пак, некои сега го нарекуваат царот Николај, цар – искупител, што исто така е друга крајност.
Сепак, зборот „Искупител“, се однесува најмногу на Христос. Ние знаеме, дека светителите ни помагаат, се обраќаме кон Богородица „Спаси нè!“, но сепак не Ја нарекуваме спасителка. Ние знаеме, дека светителите земаат врз себе дел од гревовите на другите луѓе, и царот Николај со својот подвиг, навистина, делумно ги зел врз себе гревовите од неговите сонародници, но сепак, да се нарекува искупител е крајност, зашто Искупителот – е Христос.
Тоа што е недоволно вреднувано во подвигот на царот Николај – е тоа, што тој уште предвреме знаел што ќе се случи. Тој добил писмо од свети Серафим Саровски, на денот на неговата канонизација во 1903 г., од монахињите кои го зачувале писмото, што им го предал преподобниот Серафим лично. И тогаш, тој добил писмо, чија содржина останува непозната. Но тој заплакал, и откако го прочитал, го скрил во џебот. И подоцна, позната е фразата на царот, кога велел дека „до 1918 г., не се плашам од ништо“.
И при сето тоа, царот знаејќи го човечкото предавство, го носи врз себе јаремот на служење на народот, се обидува да спроведе реформи, ја издигнува Русија на највисок степен, ја зголемува вредноста на рубљата, така што во 1913 г., Русија била најголемата земја во светот. И првата светска војна се случила не поради нешто друго, туку поради тоа што западните земји веќе не можеле да гледаат како Русија расте. При царот, бројот на населението се зголемил речиси двојно. Не е ли тоа показател?
На што се радуваат светителите? Не на тоа што ние викаме, дека ги почитуваме. А на тоа, барем малку да се уподобиме, да станеме слични на нив во подвигот да бидеме христијани во овој зол свет. Тоа ги радува. Затоа, да ги зарадуваме и ние со тоа, што ќе направиме барем неколку чекори, да бидеме христијани не по буква, туку по Дух.
На страстотерпците: царот Николај, царицата Александра, принцот Алексиј, великите кнегињи Олга, Татијана, Марија и Анастасија (1918).