За просторот на духовната борба

 

 

 

 

 

 

 

 

„Орелот не се бори со змијата на земја. Ја крева во небото и го сменува бојното поле, а потоа ја ослободува змијата во небото. Змијата нема моќ, нема сила, ниту рамнотежа во воздухот. Беспомошна е, слаба и ранлива, за разлика од земјата, каде што е моќна, мудра и смртоносна. Води ја борбата во духовниот простор молејќи се, а штом си во духовниот простор Господ ја презема твојата борба. Не се бори со непријателот во неговата комфортна зона, смени го бојното поле како орелот, и остави Господ да ја преземе контролата преку твојата искрена молитва…“

Овој цитат исто така се однесува на нашиот секојдневен живот со неговите земни, и особено духовни проблеми. Орелот го претставува „nous“ духовниот ум. Кога умот се издигнува во неговиот простор, во просторот на молитва, ѓаволот не може да го порази. Но кога ние ја замолкнуваме умствената дејност, и се обидуваме сè да анализираме со “dianoia”, дискурзивниот непостојан разум, без да го насочиме кон молитва, неизбежно ќе паднеме во прелест, не само за духовните работи, но дури и за практичните.

Исто така, воздухот горе, можеме да го гледаме како посилна струја, како здив на Светиот Дух, како благодат. Кога душата се издигнува во овој простор, таа е носена од благодатта. Кога се спушта и потонува во земни мисли, станува лесен плен за страстите, за светот и за ѓаволот. Нашата гордост ни вели дека не ни треба Божјата помош – ќе се бориме самите. Но тогаш, влегуваме на територијата на змијата, и змијата ќе нè убие.

Помнете ја старата поговорка: Никогаш не се бори со свиња – и двајцата ќе се извалкате, но на свињата тоа ѝ се допаѓа!

 

Свештеник Стивен Ален