Велики Петок – Утрена Богослужба со Оплакување

На 29.04.2016 г., на Светиот и Велик Петок, утрото, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар ги отслужи Царските часови и Вечерната Богослужба на погребението Господово во соборниот храм Свети Димитриј, во Битола. 

Вечерта, во предвечерието на Велика Сабота, беше отслужена утрена Богослужба со оплакувањата и чинот на погребението на Спасителот наш, Господ Исус Христос.

IMG_0921

Живот си Христе, но во гроб Те ставија.
Ангелските воинства се исплашија,
славејќи го, Твоето смирение.

IMG_0927

Достојно е, Жизнодавче да Те славиме,
рацете на крст ги рашири,
и ја победи сета сила пеколна.

IMG_0895

Народите сите,
погребението Ти,
Христе со песни го пеат.

IMG_0930

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА