На 27.08.2016 г., во пресрет на празникот, во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Јанковец, Ресен, најстојателот на манастирот јеромонах Спиридон, во сослужение на свештенослужителите Михаил Матвеев, Никола Златаровски и Стеван Здравевски, отслужи сеноќно бдение со чин на оплакување на Мајката Божја.
Животот во гробот, си го положил Христе,
и Мајката на Животот се полага;
глетка чудна, за ангелите и луѓето.
Марие, зошто умираш, животу на верните?
И како гробот го смести твоето тело,
кое што Го смести, несместливиот?
Ти која го роди, Царот на Небесата,
во небесното царство,
Чиста, царски се преселуваш.
(од Статиите на Оплакувањето на Мајката Божја)