Денеска светата православна црква го празнува споменот на трите ерарси кои се кај нас познати како три светители. Тие три светители се всушност, трите најголеми ревнители, поборници на православието и големи црковни великани: Св. Василиј Велики, Св. Јован Златоуст и Св. Григориј Богослов. Воедно Светите Три Светители се патрони на бакалскиот еснаф во Прилеп па по тој повод во соборниот храм „Св. Благовештение“ се отслужи Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Поглаварот на Македонската Православна Црква Господин Господин Стефан, во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и епископот Хераклејски г. Климент.
На оваа литургија присуствуваше и Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески , кој оваа година е домаќин на денешниот ден. Ова убаво традиционално одбележување на овој верски празник ја симболизира сплотеноста на еснафот кој организира редовно и заеднички ручек, а присуството на Градоначалникот Ристески ја потврдува неговата безрезервна поддршка на традицијата, верата и православните обичаи.
[nggallery id=106]
Преземено: http://www.prilep.gov.mk