На 24.05.2016 г., на празникот на Светите Сесловенски просветители и учители Кирил и Методиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на Свети Кирил и Методиј (Параклис) во Прилеп.
На Литургијата присуствуваше и градоначалникот на градот Прилеп, г-динот Марјан Ристески, како и мноштво верен народ, кој се собра заеднички да го прослави свештениот спомен на Светите Браќа.
После Литургијата, се одржа свечена Академија.
„Христос не е семоќен, бидејќи, за да се пројави Неговата семоќност, многу е важно ти да Му содејствуваш. Да Го пуштиш да влезе во твојата душа, да се согласиш да ја фатиш Неговата рака, да влезеш во Неговата прегратка. Но, ако не сакаш, ако не Му веруваш, ако се спротивставуваш, ништо не може да биде.“
отец Андреј Конанос