Денес е споменот на еден од светите покровители на Кина – свети Гуриј, архиепископ Тавриски, приброен кон ликот на локални светители од Светиот Синод на Украинската Православна Црква, на 18 април, 2008 г.
„… По завршувањето на академијата, јеромонах Гуриј бил испратен на Пекингската духовна мисија. Десет години, од 1840 до 1850 год, отец Гуриј носел апостолски труд во далечната Кина. Во 1851 г., се вратил во Санкт Петербург, каде бил возведен во архимандритски чин. Во 1856 г, архимандрит Гуриј повторно се враќа во Кина. Поминувајќи 18 години како член, а потоа и началник на мисијата, тој до совршенство го изучил кинескиот јазик, слободно зборувал и пишувал на него, што му овозможило да ги преведе на кинески јазик Новиот Завет, Псалтирот и редица други богослужбени книги. Неговите рамноапостолни трудови во Кина и донеле на Црквата богати плодови: стотици кинези примиле Православие. Подоцна, во 1900 г, за време на таканареченото „боксерско“ востание, ноќта на 23 спроти 24 јуни (по григоријанскиот календар) духовните чеда на отец Гуриј – 222 луѓе, на чело со свештеномаченикот Митрофан (свештеник – кинез) – примиле маченичка смрт….“
Од 1867 год, то – станал епископ Тавриски; на 12 април, 1881 примил архиепископски чин.
Неговите мошти се наоѓаат во соборниот храм на Свети Петар и Павле во Симферопол. Покрај кивотот, се наоѓа икона од 222 кинески маченици, пострадани во Пекинг.
„Во сите краишта на Кинеската земја, и во земјата Тавриска потекоа твоите рамноапостолни зборови, светителу оче Гурие, зашто си ги научил Троицата Триипостасна да ја богословат во Едно Божество“.
Извор: Протоереј Денис Позднјаев
Може да ве интересира: 222 Кинески новомаченици