Свети Александар Невски – Рускиот штит на реката Нева

1240 година… Разрушен е престолниот град, мајката на руските градови – Киев. Небројни полкови татари напаѓаат на Руската земја, рушејќи ги нејзините градови, палејќи ги нејзините населби. Гинат една по друга војските на одделни руски кнежества, кои се осмелиле да стапат во борба со нив. Но се појавува и нова беда – и од запад нападнале непријателите на Православна Русија. Испраќаат војска и Швеѓаните, а после нив ги наостриле своите мечови тевтонските и ливонските витези. Тие имале иста цел – да завладеат не само со земјата, но и со душата на рускиот народ, да го поробат телото на рускиот човек на туѓоземна власт, а душата – на Римскиот престол. Се приближил решителниот час. Шведските војски веќе навлегле во новгородските предели. Што да се прави? Да им се покорат ним или да се стапи во бој, ризикувајќи да загине сета малубројна новгородска војска?

Управувал тогаш со Новгород благочестивиот кнез Александар Јарославич. Знаел тој, дека покорноста ќе го спаси животот на новгородците и нивниот имот, но ќе ја изгубат, не само државната, туку и духовната слобода, дека – некаде со насилство, а некаде со итрина – ќе ја уловат дојденците во римските мрежи руската душа и дека Русија ќе ја изгуби православната вера! Знае кнезот Александар, дека Православието е вистината и претставува бесценет бисер, заради кого треба да се жртвува сè. Верува тој, дека Бог нема да ги остави оние, кои се подвизуваат за вистината и правдата и се решава да стапи во борба.

15 јули, 1240 год., на денот кога починал крстителот на Русија, великиот кнез Владимир, тој нападнал на шведската војска која штотуку се прикотвила, и со Божја помош ги разбил целосно. Остатоците од иноземските војски веднаш ја напуштаат Руската земја, а кнезот Александар, наскоро потоа победува и други непријатели од западот.

Од исток, истовремено нападнале на Русија, сите нови татарски полкови. Но не се плаши од нив Александар: татарите, наложувајќи данок на руското население, не се мешале во неговиот внатрешен начин на живот. Гледа кнезот Александар, дека во тој момент, е невозможно да се бори со нив со сила, но знае, дека ако се зачува православната душа на рускиот човек, ќе дојде време, кога тој ќе го отфрли од себе татарското бреме. Тој во него гледал бич Божји, испратен над Русија за нејзините гревови, и одлучува смирено да го поднесе Божјото искушение. Покорно отишол во Ордата, ги исполнил сите наредби на ханот, го наговорува рускиот народ да не се противи на татарската власт, туку да собира во себе сили духовни и да се надева на Бога. Не му било лесно да се понижува пред ханот, на славниот Невски победник, не му било лесно ни да го убеди рускиот народ да го следи неговиот пример. Но подвизите на светиот велик кнез Александар, храброто стоење за православната вера и смирението во Божјото искушение ги дале своите плодови, иако не брзо. Рускиот народ, кој го сочувал Православието се зацврстил, наоѓајќи се под татарската власт, која постепено слабеела.

Дошол денот – се исправила Рус Православна и го отфрлила од себе татарското иго. И носејќи ја светлината на Православието, заминале самите руски луѓе на местата, населени од татарите. Паднала и најсилната тврдина на бившото татарско царство – Казањ, во денот Покров на Пресвета Богородица. Набргу по присоединувањето на Казањ во Русија, таму пристигнале православни проповедници и многу татари примиле свето крштение.

Поминале речиси 27 години по покорувањето на Казањ, и една благочестива девојка Матрона, ја видела во сон Пречистата Мајка Божја, Која ѝ рекала да им каже на црковните и граѓанските власти, да ја откопаат Нејзината икона на точко укажаното од Неа место. Тоа видение се повторило трипати, и девојката ја исполнила Нејзината прозба.

Кога на 8 јули, 1579 г., почнале да копаат на укажаното место од Богородица, нашле таму закопана икона. Свештеникот на храмот Св. Никола, по име Ермолај ја извадил иконата од земјата и ја пренел во својот храм. Наскоро, таа икона се прославила со многу чудеса и станала позната по цела Русија како Казанска чудотворна икона. Свештеникот Ермолај, кој откако останал вдовец, наскоро примил монаштво со името Ермоген, подоцна станал митрополит Казански, а во Смутното време, станал патријархи на цела Русија и столб на Руската земја. Веќе после смртта на св. Ермоген, измачен со глад од непријателите на Русија за неговата цврстина, неговите грамоти, испратени по цела русија, заедно со писмата на архимандритот на Троицко-Сергиевата лавра, преподобниот Дионисиј, ја завршиле својата работа. Тие ја разбудиле Русија, и од Нижни Новгород тргнала војска за ослободување на Русија поробена од полјаците. Со себе таа ја носела иконата на Мајката Божја, донесена од Казањ, пронајдена некогаш од светителот Ермоген. Со неа, таа ја ослободила Москва, и торжествено, со крсна литија војската се вратила во Москва, носејќи ја напред чудотворната икона, во 1621 г., на 22 октомври, чиј ден почнал да се празнува тогаш и до ден денес се празнува во цела Русија.

Во спомен на тоа, во Москва била изградена црква, во која е поставен оригиналната икона. А кога царот Петар успеал да ги врати на Русија бреговите на Нева (Санкт-Петербург, заб.прев.), изгубени во тешките времиња, и изградил таму нова престолнина, во неа бил изграден и манастир во чест на св. Александар Невски. Таму, на бреговите, прославени од храброста на светиот кнез Александар, биле пренесени од Владимир неговите свети мошти, а во изградениот величествен храм во чест на Казанската икона на Мајката Божја била поставена чудотворната икона, пронајдена во бившата престолнина на татарското царство, пред кое некогаш се смирил великиот кнез Александар, подготвувајќи со своето смирение победа над него, и обединување и величие на Руската земја.

 

Свети Јован (Максимович) Шангајски