Утрово, на 23.09.2016 г., во утринските часови се упокои секретарот на Архиепископскиот Црковно-просветен Совет и главен и одговорен уредник на „Весник“ сл. лист на МПЦ, почитуваниот протоѓакон Славе Пројковски. 70 години плодна работа на нивата Господова, прекрасен сопруг, татко и дедо, мудар наставник и духовен застапник за многу христијански души, кој благодарно го носеше својот Крст до крај. Господ да му подари Царство Небесно и да го всели во населбите на праведниците +
Да се потсетиме на неговите зборови:
„Па, мили мои, почитувајте ги празниците со следба, а не формално; практикувајте ја живата вера – тоа е вистинското прославување и на Светиите, и на Апостолите, и на Мајката Божја, и на самиот Господ Исус Христос! Препознавајте ги енергиите на Духот Свет и во себе, и дајте им да дишат преточени во добар плод на вашиот живот, за „слава во висините на Бога, а на земјата мир, и меѓу луѓето добра волја.
Честит празник!“
(беседа напишана од протоѓаконот Славе Пројковски за празникот Сретение, 2009 г.)
Опелото ќе се изврши во црквата „Св. Петар и Павле“ с. Лисиче, а погребението на гробиштата во с. Лисиче во 12 ч.
Сочувство до сите негови роднини, пријатели и духовни чеда!