На Божик, 7 Јануари 2016 г., митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Златоустова Литургија во соборниот храм Свети Димитриј во Битола.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
„Пак се расејува темнината, и пак се јавува светлина; Пак Египет се казнува со темнина, а
Израел со столб се осветлува. Луѓето кои седат во темнина на незнаењето, да видат голема
светлина на познанието (Мт. 5, 16). Старото помина, сè стана ново (2 Кор. 5, 17). Буквата
отстапува, духот надвладејува; сенките минуваат, на нивно место доаѓа вистината. Доаѓа
Мелхиседек; родениот без мајка, се раѓа без татко, – првиот пат без мајка, вториот без татко.
Се надминуваат законите на природата; горниот свет треба да се исполни. Христос заповеда,
нема да се противиме. Сите народи, заплескајте со раце (Пс. 46, 2); зашто Младенец се роди,
Син, и ни се даде нам, Чија власт е на рамото Негово, зашто се вознесува со крстот, и ќе го
наречат: Ангел на великиот совет – советот на Отецот (Ис. 9, 6). Да возгласи Јован:
подгответе го патот Господов (Мт. 3, 3)! И јас ќе ја возгласам силата на денот. Бесплотниот се
воплотува, Словото се зацврствува, Невидливиот станува видлив, Недопирливиот е допирлив,
Безлетниот започнува. Синот Божји станува син човечки; Исус Христос е ист вчера, денес, и
во веки (Евр. 13, 8)“.
Св. Григориј Богослов