Ромфеа го напушти Соборот на Крит

Новинарите од авторитетниот медиум за црковни новости Romfea, го напуштија Соборот на православните цркви на Крит, соопштува РИА-Новости. Раководството на еден од најавторитетните портали за животот на Црквата изјави за невозможноста за целосно и веродостојно осветлување на работата на Соборот заради крајно жестоките мерки на безбедност.

„Сите овие години, Ромфеа беше постојан поддржувач на одржувањето на Светиот и Велик Собор. Ние ги осветлувавме усилбите на Константинополскиот Патријарх за одржување на соборот, кој би го запечатил единството на православните“, – се вели во изјавата на претседателот Емилиос Полигенис.

Според неговите зборови, порталот ги осветлувал сите настани од животот на Црквата, давајќи им можност да се искажат сите оние, кои биле за или против овој велик настан за Православието, но заради низа на причини, мораат да го напушат Колимвари, каде што во Православната академија на Крит, од 16-26 јуни се одржува Соборот. „Прво, мерките за безбедност се многу строги, и нема никаков пристап до местото на одржување на Соборот. Дури и акредитираните фотографи и новинари, ако можат нешто да направат… тоа е да се шетаат со беџот“ – пишува Полигенис.

Според неговите зборови, пристап имаат само официјалните фотографи на Претстојателите на Црквите, а останатите се наоѓаат само за општествени врски. „Каква информација можеме да имаме ние? Добро би било да сфатат, дека ние не сме дојдени на Крит на одмор“, – забележа Полигенис.

„Второ, информацијата се дава капка по капка, и само преку официјалните канали. Исфилтрираните фотографии и текстови зборуваат, како да се собрал некој клуб и православните немаат право да бидат во тек со она, што се случува во Колимварии“ – се вели во изјавата. Како да се собрале силните на овој свет да разговараат за светскиот долг (и тогаш мерките на безбедност се јасни), а не пастири, кои сакаат да покажат, каде се движи Православието.

Полигенис не знае, како православните отци „ќе зборуваат со срцата на православните верници“, како „ќе покажат дека Православието е Црква на љубов и сведоштво на Христа, а не затворен клуб на луѓе со власт и влијание“. Според зборовите на претседателот на Ромфеа, коресподентите си заминуваат, затоа што не гледаат смисла да останат на Крит, а за информирање на јавноста, ќе ги користат официјалните прес-новости на Светиот и Велик Собор.

 

Извор: pravoslavie.ru