Спомен на свети Лука, архиепископ и лекар Воено-Јасенецки.
Моето кумашинче се роди болно, и тоа беше тежок удар за целото семејство. Над момчето требаше да се направат многу операции, и притоа, основните операции требаше да се направат на возраст до година и половина. Секако, ние баравме поддршка од Господ, Богородица, и светите угодници.
За свети Лука Кримски сум слушала, но некако јас, грешната, не бев навикната да му се обраќам за помош. И одеднаш почнав да забележувам, како во храмот сè почесто и почесто наидувам на иконата од свети Лука, го чувствувам неговиот поглед врз мене, кој ме прашува: „Зошто не побараш?“
Колку тревоги, страв претрпевме, но јас сеуште бев убедена, дека со детето сè ќе биде во ред. Откако ја изгледав емисијата за свети Лука, веројатно, моите молби за помош беа толку силни, што го видов на сон, и ми рече, дека ќе му помогне на нашето момче. Се надевав, дека тоа беше добар сон.
Првите три операции на стомакот поминаа многу добро, пречките кои се појавуваа, наеднаш исчезнаа. Но, го очекуваше уште операција на главата, и кога ми се појавија сомнежи околу правилниот избор на клиниката (лекарите не ветуваа многу добри резултати), како да ги слушнав зборовите на свети Лука: „Ти реков, дека ќе се погрижам!“
И стравот отстапи, и фала Му на Бога и на Мајката Божја, слава му на Лука Кримски и на сите свети угодници, операцијата заврши многу успешно! Моето кумашинче брзо се опорави, нè чекаат уште операции, но знам дека сè ќе биде добро! Оттогаш, секогаш му се обраќам за помош на свети Лука Кримски!
[vimeo]https://vimeo.com/59384552[/vimeo]
Наталија Потапова
Може да ве интересира: „Токму тогаш престанав да чувствувам болка“