Рај и пекол – приказна

Еднаш, еден добар човек разговарал со Бога. Тој го прашал:

– Господи, би сакал да знам што е тоа Рај и што е тоа Пекол.

Господ го одвел пред две врати, ја отворил едната и го провел добриот човек внатре. Таму имало огромна тркалезна маса, на чија средина стоела огромна чаша наполнета со храна, која мирисала многу вкусно.

Добриот човек почувствувал, како стомакот почнал да му кркори, од толку што изгледало вкусно. Луѓето што седеле околу масата изгледале гладни и болни.

Тие изгледале како да умираат од глад. Сите имале лажици со долги – долги рачки, заврзани за нивните раце. Тие можеле да ја стигнат чашата, наполнета со храна и да нацрпат храна, но бидејќи рачките на лажиците биле премногу долги, тие не можеле да ги донесат до нивната уста. Добриот човек бил потресен од глетката на нивната несреќа. Господ му рекол: „Штотуку го виде Пеколот“.

Господ и добриот човек, потоа се упатиле кон втората врата. Господ ја отворил. Сцената, која ја видел добриот човек, била иста како претходната. Тука имало исто таква огромна тркалезна маса, иста гигантска чаша, која прави лиги да ти потечат од сласт. Луѓето, кои седеле околу масата, држеле исти лажици со многу долги рачки. Само што овие, изгледале сити, среќни и задлабочени во пријатни разговори еден со друг.

Добриот човек му рекол на Господ: „Не разбирам“.

„Сè е многу просто“, – му одговорил Господ, – „Овие луѓе научиле да се хранат еден со друг. Другите размислуваат само за себе“.

 

+++

Љубовта Божја е и во пеколот. Разликата – е во нас.