Преподобен Гавриил (Ургебадзе) во сеќавањата на неговата келијница

Отец Гаврил ги привлекувал сите со својата христијанска жртвена љубов. Со смирение и послушание сите ги водел кон Царството Небесно. „За смирениот било кое страдање поминува незабележливо. Господ на смирениот му дава благодат, без смирение никој не може да влезе во Царството Небесно!“ – учел старецот. Тој ни подготвуваше нам такви „испити“ на смирение и послушание, што ние години подоцна ја дознававме неговата замисла. Старецот љубеше да повторува: „Господ бара од нас и срце и добри дела“. „Доброто кое сте му го направиле на ближниот, мене сте ми го направиле, учи Господ“.

Монахиња Параскева (Ростиашвили)

***

Еден свештенослужител го запрашал старецот:

А што е тоа пост?

Сега ќе ти објаснам, – одговорил старецот и му спомнал нему за сите негови гревови, направени од детството.

Од страм свештенослужителот не знаел, каде да отиде, и почнал да плаче. Старецот ненадејно се развеселил и му предложил нему малку да јаде.

Како јас сега можам да јадам, мене ми е така лошо! – одговорил он.

Ете тоа е пост. Кога си спомнуваш за своите гревови, се каеш и не размислуваш за јадење.

***

Пред Великиот Пост старецот, како правило, не колена се молел за простување на гревовите на амвонот на Преображенскиот храм. Ако тој, било кого гневно го имал разобличено, а тој до вечерта не доаѓал за прошка, тогаш сам одел кај него и го молел за прошка.

***

Кога јас бев негова келијница, светските страсти во мене исчезнуваа. Јас чувствував, дека во мене се засилуваат разумните помисли и чувството на сострадание. Он на чудесен начин ме раководеше. Понекогаш јас чувствував таква леснотија, како да лебдам во воздухот. Тогаш старецот почнуваше да ме смирува. А кога јас чувствував тежина на душата, како целиот свет да се обесил на моите плеќи, он со хумор ме утешуваше:

Трпи, трпи, матушка: кој претрпи до крај, тој и ќе победи!

***

Кај отецот дојдоа за благослов маж и жена. Жената беше бремена. Отец Гавриил ги поучуваше да живеат христијански живот, да не се караат, да внимаваат на своите зборови, бидејќи детето сè ги слуша.

Мажот му рече:

Што вие говорите, отец Гавриил: нашиот разговор не може де се слушне зад ѕидот, зарем детето во стомакот слуша?

Значи, не верувате? – одговори отец Гавриил и, завртувајќи се кон мајката, со висок глас го запраша детето: „Чедо тебе те прашувам, зарем ти не го слушаш Божјото слово?“ Детето одеднаш почна да се мрда во стомакот, така што, мајката држејќи се за стомакот, набрзина излезе од келијата.

***

gavriilurgebadze
Старец Гавриил (Ургебадзе)

Кај старецот дојдоа гости од Света Гора. Отец Гавриил му подари на еден од нив икона од светителот, чие име он го носеше. Восхитениот гостин на колена го замолил старецот да отиде со нив на Света Гора, каде ништо нема да му недостасува. Отец Гавриил им одговорил: „Јас својата Грузија за Света Гора нема да ја менувам“. Тој монах беше игумен на Ксиропотамскиот манастир.

***

Беше 6 часот навечер, јас седев кај старецот во келијата. Ненадејно он ми нареди мене да излезам и да го оставам сам: „Сега не треба мене да ме гледаш!“ Јас брзајќи се упатив кон излезот. Завртувајќи се, видов, дека неговото лице стана светло, лачејќи сончеви зраци.

***

Еднаш кај старецот дојде една жена и рече:

Вие мене од смртта ме спасивте, дозволете ми да Ви се заблагодарам.

Таа ни ја раскажа следната случка:

Јас живеам на гробишта, во стара куќа. Во текот на ноќта ме нападнаа бандити. Од страв јас почнав да го викам на помош отец Гавриил. Се случи чудо: старецот се појави веднаш, и со палка почна да трча по нив. Исплашените бандити бегаа, незнаејќи каде им е главата, а старецот исчезна така ненадејно, како што и се појави.

***

Тешко болниот отец Гавриил еднаш ми рече:

– Сега ќе одам во Шавнабадскиот манастир.

Јас си помислив, се шегува.

По некое време го прашав:

– Отец, вие бевте во Шавнабада?

– Да, бев. Кога отидов, тие беа на трпеза, таму сè е нормално.

– А вас не ве видоа? – го прашав повторно.

– Не, од каде? Ако ме видеа, би се изненадиле, но и јас не сакав да им се покажувам.

– А отец, Шио што правеше? – го прашав јас.

– Ги броеше луѓето, – одговори старецот.

После неколку денови дојде кај отец Гавриил старешината на Шавнабадскиот машки манастир, архимандритот Шио.

Јас го прашав него:

– Многу ли луѓе има во манастирот?

– Не знам: едни доаѓаат, други си одат. Јас ги бројам обично за време на ручекот.

Отец Гавриил погледна на мене остро и се насмевна. Јас бев шокирана.

***

Тешко болниот отец Гавриил ме замоли да го однесам него во храмот. Пред иконата на Божјата мајка, тој на колена, со солзи во очите, се молеше на Пресвета Богородица: „Прими ме мене како жртва, Мајко Божја, само спаси ја мојата Грузија!“  Кога болката за судбината на Татковината го совладуваше старецот, он ме повикуваше мене и бараше да му испеам приспивна песна.

Тешко на оној монах или свештеник, кој не живее, страдајќи за својот народ.

***

Кога наместо љубов од ближниот, добиваше навреди, исмејувања и понижувања, јас со восхит го прашував: „Зарем е можно сеуште да ги љубите нив?“ А тој тажно одговараше: „Јас сега уште повеќе ги сакам и ги љубам“.

gavriil

***

Како правило, он никогаш не ги принудуваше посетителите да го чекаат: „Како е можно да се биде спокоен, ако некој те чека тебе? Срцето на добриот монах треба да биде со истата строгост, како на жената“.

***

Во својата малечка келија он сите ги примаше, без исклучок, и им ја проповедаше Божјата благодат и љубов: „Срцето е силно, а телото е немоќно. Не грижете сè за телото, спасувајте ја душата. Кој ќе го победи чревоугодието и празнословието, тој е веќе на правилниот пат. На прво место, барајте го Царството Небесно, а останатото само по себе ќе си дојде“, ги напомнуваше зборовите од Светото Писмо.

***

Одеднаш старецот нè запраша:

– Што значи „Молитвата ќе ви се смета за грев“?

– Сигурно, неправилно сме се молеле, – одговоривме ние.

– Не, правилно сте се молеле – рече статецот.

– Сигурно, молитвата не излегувала од срцето…

– Од срцето излегувала!!!

– Сигурно, расеано сме се молеле.

– Исто така, јас се замислив, расеаноста е присутна кај сите од нас.

Не знаејќи, ние го замоливме старецот да ни појасни.

– Сега ќе ви објаснам, – рече отецот.

Во тоа време дојде кај него еден верник за благослов. Отец Гавриил го замоли него да му направи услуга, но младиот човек му откажа, велејќи дека е зафатен: – Сега не можам, а потоа ќе видиме, – и се оддалечи со тие зборови.

– Сега он ќе отиде и ќе се моли пет часа по ред, а ќе ја прими ли Господ неговата молитва, ако он се откажа да ми помогне? Ако не ги почитувате Божјите заповеди – тогаш сè е безполезно и Бог се обеспокојува од вашите долги молитви, нема да ве услиша Господ, и вашата молитва за грев ќе ви се смета. Добрите дела ќе ги отворат вратите на рајот, смирението ќе ве воведе во рајот, а со љубовта ќе го видите Бога. Ако со молитвата не одат добрите дела, тогаш молитвата е мртва, – говореше старецот.

***

Отецот ни посочи еден пример од својот живот, поврзан со гревот осудување:

– Во олтарот осудуваа еден свештеник, кој беше совладуван од страста пијанство, и јас го осудив него во присуство на Патријархот, сакајќи да го покажам своето совршенство, иако не го познавав тој свештеник.

Дома кај нас секогаш имаше вино. Посакав да се напијам. Се напив една чаша вино, и отидов во Сионскиот Собор. Влегувајќи во олтарот, почувствував, дека виното ме совлада, јас се сопнав, и за малку ќе паднев. Патријархот успеа да ме задржи, иако никој тоа не го забележа, но јас добро разбрав, дека добив лекција.

Во тоа што осудуваш, во тоа и ќе бидеш осуден. Кога осудуваш било кој – знај дека го осудуваш самиот Бог.

***

Еднаш кај старецот дојде млад човек. Гледајќи на него, старецот му рече: – Јас не ја гледам твојата душа, оди и сега прими ја Светата Тајна, Причесната, за да те спаси тебе Божествената Божја Благодат!

Младиот човек го исполни благословот и се причести во тој ден. Вечерта кај него дојдоа другарите и му предложија да земе учество во празникот, но он им откажа поради Причесната која ја прими тој ден. Другарите наместо него, зедоа друг, и тој загина таа вечер, како последица на несреќата која се случи.

***

Отец Гавриил бил на гости кај едно семејство, каде што дошол еден младич. Гледајќи на него, отец Гавриил му рекол: „Чедо, тебе те чека голема несреќа, дојди кај мене, ќе те благословам и ќе ја отстранам твојата беда“. Момчето отишло за благослов. После некое време го погодил залутан куршум, но он останал цел и неповреден.

gavriil

***

После Литургијата, верниците облагодатени, излегле од црквата, но, здогледувајќи едно куче-скитник, почнале да фрлаат камења по него. Отец Гавриил огорчено забележал:

– Хм, верници, подобро би било сосема да не доаѓаат во црква и да не стојат на служба, преправајќи се дека се молат.

***

Отец Гавриил многу сакаше да седи на врвот од скалата, која води до кулата. Еднаш по скалата се качуваше еден свештеник. Отец Гавриил се заврти кон мене и рече:

– Сакаш, сега отецот да го турнам?

Јас се исплашив: отец Гавриил се обрати кон него, навредувајќи го со лоши зборови.

Свештеникот застана и мирно одговори:

– Отец Гавриил, јас сум многу полош од тоа.

Старецот со љубов го прегрна свештеникот и рече:

– Ти си мој вистински брат!

***

Се случуваше, отец Гавриил да изнесе стомна со вино пред келијата, да ја покрие со платно и да се преправа дека го крие тоа. На овој начин тој создаваше впечаток, дека виното – е негова слабост.

***

Отец Гавриил нè предупреди, дека кога ќе умре, да не го ставаме во ковчег, туку ковчегот да го оставиме за неговата мајка, велејќи:

– Ќе се случи, во истиот ден, покојник да закопуваат.

Тие зборови останаа во моето сеќавање.

После пет години по смртта на старецот почина и неговата мајка монахињата Анна. Таа почина на Велика Среда, во 8 часот вечерта. Следниот ден за време на Литургијата го известија Патријархот, и беше даден благослов, погребот на мајката на отец Гавриил да биде во истиот ден.

***

За време на монашкиот постриг на една монахиња, отецот со жалење ѝ рече:

– Чедо, чедо, колку ми е жал за тебе, колку тежок крст земаш врз себе!

Помина време, и таа монахиња си замина од манастирот и се врати во светот.

***

Старецот многу ја сакаше операта „Даиси“. Се случуваше, да отиде во театар на опера. Особено ја сакаше сцената, кога Патријархот го благословува народот. Иако улогата на Патријархот ја изведуваше актер, додека траеше претставата, отец Гавриил секогаш стануваше при неговото појавување. Еднаш актерот се збуни, и претставата на некое време беше прекината. Отец Гавриил, отиде на сцена и почна да го проповеда Христа.

***

Еднаш кај старецот дојде една девојка и му раскажа, дека кај нив дома постојано има расправии и скандали, и дека нејзиниот брат избегал од дома.

„Старецот веднаш отиде кај нас дома. Влеговме и видовме, дека мојот брат е дома.

Неопишлива сила ме принудуваше да се вратам, – рекол братот.

Отец Гавриил отиде кај иконите и почнал да се моли. Јас го видов, како засвети иконата на Божјата мајка со блескава светлина, осветлувајќи го лицето на старецот. Толку силна беше неговата молитва, што сета нечистотија беше истерана од нашето семејство. Од тој момент се зацари мир и спокојство во нашето семејство“, раскажуваше девојката.

***

На еден верник старецот му постави прашање:

– Знаеш ли ти што е тоа љубов?

– Како не знам! Тоа е, ако ближниот го стрелаат, а ти го засениш него.

– Не, одговори отецот. Тоа е, ако твојот ближен боледува, и ти за да го спасиш него, мора да поминеш долг пат и, не гледајќи на возможната опасност на патот, ти одиш и му донесеш лекарство. Ете тоа е љубов.

***

Отец Гавриил нè учеше нас:

– На прво место барајте го Царството Небесно!

– А како да го бараме Царството Небесно? – го прашавме него.

Кога вкусуваш храна, спомни си за гладниот, страдалникот и жедниот. Молете се! Молитвата може планини да помести.

***

Еднаш отец Гавриил ни раскажа за едно свое видение:

– Господ држеше во своите раце глобус, на кој беше изобразен голем крст. Јас Го прашав Бога:

Како ќе се спасат луѓето пред Второто Христово Доаѓање?

Луѓето ќе се спасат со добрина и љубов“.

***

Еднаш пред да отиде на спиење, непосредно пред неговата смрт, он покажа кон аголот и рече:

Таму во аголот стои смртта и ме чека мене. Јас ве оставам со тоа, за да се молам за вас. Јас сум должен да ја издигнам вашата молитва кон Господа.

Две недели пред смртта, му подарија икона од Неракотворниот образ на Спасителот со трнов венец. Јас му реков, дека кога му подарија нему иконата од Божјата Мајка, нему му стана подобро, а сега он целосно ќе се исцели.

Он ја подигна главата и рече:

– Ако Спасителот немаше трнов венец на главата, јас ќе оздравев. А таа икона со трнов венец означува, дека мене ми е дадено во маки да умрам.

На иконата очите на Спасителот беа затворени. После некое време тие се отворија. Јас му кажав на отец Гавриил за тоа.

Он одговори:

– За три дена ќе знаеш за мојот крај.

И навистина, три дена пред неговата смрт јас читав молебен кон Пресвета Богородица, просејќи оздравување на старецот. Ноќта имав видение: Пресвета Богородица ми кажа, дека ќе дојде за три дена и целосно ќе го излекува старецот.

Кога јас му раскажав на старецот за моето видение, он ме замоли цела ноќ да бидам будна и да разговарам со него.

Јас се обидував со сите сили, но не издржав и заспав.

gavriil-mogila
Гробот на старец Гавриил, во манастирот Самтавро

Кога се разбудив, видов, дека отецот не спие.

– Ти мене ми вети, дека нема да заспиеш! – ме укори.

Се засрамив.

Во четири часот утрото он ме повика со слаб глас;

– Матушка, матушка… Сестро, сестро…

Јас отидов. Реки од солзи течеа од неговите очи. Јас паднав на колена, тој ме благослови мене, ја прекрсти Грузија од сите страни, со љубов погледна околу келијата и почна да се моли, без да ги оттргне очите од иконата на свети Никола Чудотворец.

Имав чувство, дека келијата е исполнета со ангели.

Вечерта дојдоа владиците Даниил и Михаил и прочитаа молитва за исход на душата. Отец Гавриил, со трогателна насмевка ги погледна сите, и мирно ја предаде својата душа на Господа.

Восхитувачко беше тоа, што неговата смрт не остави тежина на душата: се чувствуваше леснотија, љубов и блаженство. Не страв од смртта, а радоста на Раѓањето и Воскресението.

 

Извор: http://www.pravoslavie.ru/78012.html

Превод: м-р Игор Ризановски