Предвелигденски концерт на црковниот хор „Св. Петка“ – Прилеп

Во пресрет на најголемиот христијански празник, Празникот над празниците – Воскресението Христово, црковниот хор „Света Петка“ под раководство на м-р Гоце Секулоски, одржа целовечерен Предвелигденски концерт. Концертот се одржа на 26 април во салата на киното Мис Стон.

13081657_10206248711203638_907338502_n

Богатата програма содржеше дела од православни композитори од Македонија и ширум православниот свет, тематски поврзани со смислата на Воскресението. Се слушнаа композиции од Корсаков, Архангелски, Валјаев, Бадев, Кирил Македонски, Гоце Секулоски. Ова беше осми јавен настап на хорот од неговото формирање и делување при новоизградениот храм Света Петка во населбата Точила, а под раководството на м-р Гоце Секулоски.

13090073_10206248714243714_1449504234_n
Како специјални гости на концертот беа присутни и хористите од хорот „Свето Благовештение“, кои ја изведоа композицијата „Плачот Адамов“, исто така под раководство на м-р Гоце Секулоски.

13112419_10206248713523696_1119887289_o
Салата беше премала за да ги собере посетителите, кои беа дојдени да ги слушнат прекрасните композиции исполнети од хорот Света Петка. На крајот двата хора заедно изведоа едно „Многаја Лета“, при што посакаа што подостојни и порадосни да го дочекаме Празникот на Воскресението на нашиот Спасител и Господ Иисус Христос.

13062177_1066222383449634_1234979747231846176_n 13112526_10206248725724001_2032635734_o

Известува: Д. Т.