Повечерие со Акатист во втората недела од Великиот пост

„… О, Дево, Божествена и сега Небесна! Како да раскажам сè за Тебе? Како да Те прославам Тебе, Ризницо на Славата? Преку тебе се просветлува видот на разумот, преку Тебе се просветлува духот преку доаѓањето на Светиот Дух, зашто Ти си станала ризница и сад со дарови; и не така, да ги задржиш во Самата Себе, но така, што ги исполнуваш сите со дарови на благодатта. Зашто Владиката на неисцрпните богатства Ти ги предаде Тебе за раздавање; во спротивно, зошто Он би создавал блаженство, сокриено и неродено? Затоа, о Господарке, обилно подари му на народот Твој и на ова наследство Твое од милоста и даровите Твои. Подари ни избавување од маките што нè опседнале; испрати ни ги во страданијата наши Твојата помош и лекарство, давајќи им ја на душите и телата наши штедрата благодат, за сè потребна. А ако не можеме да ја примиме, направи нè достојни садови и толку подари ни, за по благодатта Твоја спасени и укрепени, да го прославиме воплотеното од Тебе заради нас, Предвечното Слово, со Беспочетниот Негов Отец и Животворниот Дух, сега и секогаш, и во бесконечните векови. Амин“.

Свети Григориј Палама

(Беседа на Успение на Пресвета Богородица)

На 25.03.2016 г, во Петокот од Втората Седмица од Великиот пост, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола.

 

P1270137 P1270167 P1270176

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА