За време на неделната богослужба, Патријархот Илија II се обрати со проповед кон верниците:
„Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Со нас е Бог! Тие зборови – „Со нас е Бог“ – се земени од Библијата. Тие се напишани во Библијата. На еврејски, тие зборови звучат како „Емануил“ – што значи „Со нас е Бог“.
Затоа, кога ги изговараме тие зборови, треба длабоко, а не површно да се замислиме над содржината на тие зборови.
Ако Бог е со нас, сè ќе биде во ред. Сè ќе се смири.
Овој свет, како што гледате, а и луѓето, се слични на разбранувано море. Луѓето стануваат слични на природата или природата станува слична на луѓето.
Кон тоа треба да се однесуваме со големо внимание. Кога ќе се смират луѓето, се смирува и времето. Кога природата се вознемирува, се вознемирува и човекот. Што го карактеризира денешниот човек?
Најпрвин, немањето надеж. Тој нема надеж на утрешниот ден, нема надеж на ближниот, на човек, тој не се надева ни на самиот себеси и не знае што ќе биде со него утре.
Токму затоа, кога се молиме, треба да бараме од Господа: „Отвори го моето срце и разум, за да ја познаеме Вистината Твоја“. Господ вели: „Јас сум патот, вистината и животот“ (Јн. 14, 6) Ако го сфатиме тој пат, таа вистина и тој живот, тогаш ќе се спасиме. Човекот станува сличен на чамецот, кој го знаеме од Евангелието. Кога апостолите седеле во чамецот заедно со Христос, а морето се разбранувало. Спасителот спиел. Апостолите Го разбудиле: „Господи! Спаси нè, загинуваме!“ (Мт. 8, 25). Спасителот му заповедал, и морето се смирило.
Во таква состојба се наоѓа и човештвото сега. Ние се наоѓаме во тој чамец, каде Господ е покрај нас. Да Го замолиме спасителот, Господ да го смири светот, да ги смири луѓето. Човекот ќе се смири само тогаш, кога ќе се приближи кон господ. Господ ќе го очисти умот и срцето на човекот, и ќе дојде мирот. Вие, веројатно, сте забележале, дека кога човек добро ќе се помоли, тогаш мирот слегува во неговата душа. Нека Господ ве благослови и ви даде мир!!!
Господ да ја успокои природата и човекот! Амин! Господ да ве благослови и израдува. Со нас е Бог! Небесниот да ви подари благослов и радост!“
Од грузиски на руски: Тамара Манелашвили