На 25.04.2016 г, саботата пред Цветници, кога си спомнуваме за воскреснувањето Христово на Лазар, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Панихида за загинатите бранители за Татковината, во црквата Света Петка, с. Лениште – Прилеп.
Во беседата после Панихидата, Владиката зборуваше за погрешното поимање на слободата, во чие име, а за своја лична корист, многумина се подготвени да газат и преку невини човечки животи, фрлајќи ги луѓето во братоубиствена војна, од која корист би имале само непријателот на родот човечки.
Во целост, беседата можете да ја преслушате на следниот линк:
Беседа на Панихида за сите упокоени бранители на Татковината