Осветени темели на манастирски конак во Локвени

Во манастирот “Свети Атанасиј” во Локвени, во атарот на општина Кривогаштани, во саботата беше поставен камен темелник за изградба на нов конак, а со овој свечен чин чиноначалствуваше митрополитот на Преспанско–пелагониската епархија Господин Петар, а присуствуваа голем број верници, како и градоначалникот на општината, Тони Заткоски.

Моментално во тек е и доуредување на внатрешноста на црквата. Големиот број посетители кои во саботата присуствуваа во манастирот ја поздравија оваа иницијатива и како што кажаа со нетрпение го очекуваат свеченото пуштање во употреба на новите конаци.

„Манастирот има многу атрактивна локација со прекрасен поглед на безмалку на цела Пелагонија и со неговата изградба се очекува голем број верници својот духовен мир да го пронајдат токму на ова место. Црквата се градеше околу четири години, а според најавите се очекува конаците да бидат готови за околу две до три години, и да имаат капацитет да примат околу 30-ина посетители“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

P1320110 P1320138

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА

Извор: http://tocka.com.mk