На 26.07.2016 г., на споменот на Чудата на Светиот Архангел Гаврил, во манастирот на Светиот Архангел во Битола (Довлеџик), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
„Душата којашто се предала на волјата Божја, лесно ја поднесува секоја неволја и секоја болест, затоа што и во болеста таа се моли и Го созерцува Бога: “Господи, Ти ја гледаш мојата болест. Ти знаеш колку сум грешен и немоќен. Помогни ми да трпам и да Ти благодарам за Твојата благост.” И Господ ја олеснува болеста, и душата ја чувствува Божјата помош, и се радува пред Бога и Му благодари. Ако те снајде некоја неволја, тогаш размислувај: “Господ го гледа моето срце, и ако Му е угодно, тогаш ќе ми биде добро и мене, и на другите.” И така, твојата душа секогаш ќе биде во мир. А ако некој ропта: “Тоа не е така, а тоа не е добро”, тој никогаш нема да има мир во душата, дури и ако пости и многу се моли“.
Свети Силуан Атонски