На 26.10.2016 г., во пресрет на празникот преподобна Параскева (Петка), митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна Богослужба во храмот Св. Петка, населба Точила – Прилеп.
После Вечерната, во храмот беше одржана Свечена Академија, на која свое учество зеде градскиот црковен хор „Св. Петка“ од Прилеп, и беше проследен монолог од почитуваниот актер Петар Темелковски.
На храмовата слава присуствуваше и градоначалникот на градот Прилеп, г-дин Марјан Ристески, како и мноштво верен народ, кои во се поголем број го посетуваат овој храм.