Од Писмата на отец Серафим (Роуз)/ Писмо 24-то

Мај 3/16, 1966

Христос Воскресе!

Драг Глеб,

еве ја твојата телеграма, што пристигна за  време на бдението во саботата ноќта. Исто така и сметката за Владиката Серафим. Две лица дојдоа во неделата да ти честитаат:

  1. Вера Утехина, која исто така праќа поздрави и до Ија.
  1. Г-ѓа Гош (Ира Никитина), која те познавала уште од Латвија. Нејзината адреса е: 3587 Нотр Дам Др. Санта Клара Телефон: 241-9521

Според ѓаконот Николај, архимандритот Амвросиј е назначен за постојано во нашата црква. Исто така, очигледно постои нешто со гласините дека отишол (за кратко), во Митрополијата, но ја немам слушнато целата приказна.

Остатокот од брошурата конечно се постави и ќе се испечати утре. Ќе испечатам 4.000 копии, што ќе одземе подолго време.

Мачката скитница од соседството, што нè избра нас, утрово нè почести со четири мачиња во нашата задна соба. Дали тоа би требало да има некакво значење, не знам.

Ќе започнам со поставување на Св. Нектариј пред овој викенд и ќе подготвам сè за непречена работа. Каков е твојот став за бојата на сликата?

Моли се за мене.

Твој брат во Христа,

Евгениј.

 

Превод: Елена Богдановска