Од Писмата на отец Серафим (Роуз) / Писмо 20-то

Вторник, 14/27 октомври, 1964 г.

Драг Глеб!

Утрово го добив твоето писмо и му го испратив на Мартјанов. Му напишав за 6-те календари, така што можеш да не се вознемируваш за тоа, но зачувај го конвертот – ќе ни се најде во иднина.

Службата на св. прав. Јован ни е испратена од Џорданвил (денес ја добив сметката), затоа, во своето писмо можеш да не спомнуваш за неа.

Ние, на крајот на краиштата, имаме шанса да продадеме две златни одежди, ако можеме сега да ги добиеме, – те молам, напиши ми веднаш (и речи му да побрзаат со нарачката).

Не те напаѓа само тебе депресија. И на мене особено силно дејствува последниве недела-дена. Тоа значи дека сигурно, ѓаволот не сака да се занимаваме со весникот. Но, со Божја помош и на Неговите светители можеме да ја надминеме! Сè ќе биде многу подобро, кога ќе пристапиме кон работата. Вчера почнав да го правам шкафот за книги и веќе се чувствувам подобро! Денес ќе нарачам уште фонтови, во текот на неделава уште хартија, така што, наскоро ќе можеме да започнеме. Доколку дечките ни помагаат, мислам дека нема да имаме проблем. Сеуште сметам, дека во декември ќе можеме да го пуштиме првиот број. Ако ми дадеш точни инструкции, следната недела можам да дознаам за подготвувањето на образецот за печатење. Моли се за мене.

Твојот грешен брат во Христа,

Евгениј.