Од Писмата на отец Серафим Роуз / Писмо 19-то

Од Писмата на отец Серафим Роуз

  1. 13/26 октомври, 1964 г. Празнување на Иверската икона на Мајката Божја.

Драг брате во Христа, Глеб!

Вчера дојдоа нашите печатачи, и добро поработија. Ако ни помагаат многу, нашата работа ќе оди како песна.

Продажбата вчера одеше лошо, и иако општо, оваа недела беше подобра од обично, сеуште сме далеку од тоа да заработуваме пари, а за да ја одржуваме машината за печатење, потребни ни се уште многу пари. Во најблиска иднина треба да објавиме во весникот, но најпрвин, мораме да добиеме одежди, за луѓето кои доаѓаат тука, да немаат впечаток дека сме само љубители, и не можеме да им предложиме сè, што е потребно. Затоа:

  1. Те молам, побарај го писмото за ѓаконски одежди во Њу Јорк (и земи го со тебе оваа сабота, да можам некаде да ги забележам цените) и нарачај по две златни и сребрени одежди, по два помали броја секое (вкупно четири пара); толку долго чекавме, што сега ќе треба да ги земеме, без да ги видиме. Потоа ќе можам да направам неколку шкафчиња, и ќе имаме што да продаваме. Оваа недела не ми стигнаа 25 долари, затоа што немавме одежди.
  2. Нарачај 6 календари од Мартјанов – излегува дека на некои луѓе навистина им се потребни.
  3. Од Џорданвил нарачај го следното:

а) Службата на св. прав. Јован Кронштадски (некој штотуку ја испечатил, можно е да е тоа Џорданвил). Барем 25 примероци.

б) Икони со размер 8х10”, по 20 од:

Св. Пантелејмон, Св. Никола (во половина раст), Св. Никола (во полн раст), Распетието;

По 10 икони: Христос, Иверска, Св. Параскева, Знамение, Благовештение, Богојавление, Цветници, Вознесение, Педесетница.

в) Малечки икони (4х8):

по 20 икони од св. Екатерина и Вера, Надеж, Љубов и Софија.

г) Календар за 1965 г., ако е веќе готов, 20 примероци.

Најважното сега – се иконите.

Извини што толку многу ти пишувам за работите, но навистина треба добро да се зацврстиме, пред да си дозволиме да мечтаеме. Мечтаеме за весник, но не можеме да купиме ниту хартија!

Сепак, ако работиме многу, Бог ќе помогне. Моли се за мене.

Твојот брат во Христа,

Евгениј.