Од Писмата на отец Серафим Роуз / Писмо 15-то

Велика Среда.

Драг Глеб!

Вчера, продажбата помина добро (35 долари) – имаше река од народ да купат разгледници, а денес, три часа нема никого. Еден човек купи неколку книги за една девојка русинка, која сакала да изврши самоубиство – моли се за неа (Варвара). Нашиот пријател на едно седнување ја завршил „Теофил“ (тој половина ноќ седеше тука) и очигледно, многу му се допадна. Неговиот впечаток – сè е можно со вера, љубов и смирение.

Денес му беше именден на отец Леонид, и многу луѓе дојдоа да се помолат за него.

Нашите известувања денес се печатат, и до крајот на неделата ќе бидат готови за да се испратат по пошта.

Се надевам, ќе можеш да дојдеш во недела. Вечерта би можеле да направиме малечко пасхално торжество.

Утре планирам да отидам на Света Причест; те молам, прости ми за сè и моли се за мене.

Твојот грешен брат во Христа,

Евгениј.