Облекување во монашка облека – манастир Свети Никола, Мариово

На 14.04.2016 г, во манастирот Св. Николај Чудотворец во Мариово, под покровителство на Високопреподобниот игумен на манастирот, архимандрит Никола (Трајковски), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар го облече во монашка облека (расо и камилавка) искушеникот Драган (Мрмачовски) и му го даде монашкото име Јоаким, во чест на светиот Јоаким Осоговски. 

„Добродетелниот монашки живот – е пофалба на Христовата Црква”.

1

„И оние кои живеат во затвореништво, со мудри совети и молитви им помагаат на луѓето“.

7

„Колку човек се оддалечува од контактите со луѓе, толку повеќе се удостојува на слободниот пристап до Бога во својот ум“.

13

„Добродетелта на оддалечување од светот не се состои во преселување на телото, но во отстранување на световните дела, својот ум да не го опседнуваме со светот“.

17

„Колку човек ги отсекува од себе утехите од овој свет, толку се удостојува за радоста Божја во Светиот Дух“.

Свети Исак Сирин

42

ПРЕМИНИ КОН ФОТОГАЛЕРИЈА