Недела на свети Јован Лествичник – Архиерејска Литургија во црквата Св. Петка, Прилеп

На 10.04.2016 г., во четвртата недела од Великиот пост, посветена на свети Јован Лествичник, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Света Петка, во Прилеп. 

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

„Постот – е време на покајание, време кога нашите скаменети срца, со силата Божја, од бесчувствителни, треба да станат осетливи, од жестоки и ладни – топли и отворени за другите и за Самиот Бог.

Постот – е време на обновување, кога како на пролет, повторно сè станува ново; кога нашиот живот, постепено спуштен до небитие, едвај трепкајќи, повторно оживува со сила, која Бог може да ни ја даде, приопштувајќи не кон Својот Свет Дух, правејќи нè во Светите Тајни, и преку тој дар, во Самиот Себе, причасници на Божествената природа.

Тоа е време на помирување, а помирувањето – е радост Божја и наша радост; тоа – е нов почеток.

Денес се слави споменот на свети Јован Лествичник, и сакам да ви прочитам неколку негови зборови, особено значајни за овој период од црковната година, кој сега го живееме: „Покајанието – е нашето враќање кон Бога, обновување на нашето крштение; тоа е подвиг, кој се прави, за да се обнови нашиот сојуз со Бога; тоа – е наш завет, дека ќе го промениме својот живот. Тоа е време, кога можеме да се научиме на смирение, тоест, на мир: мир со Бога, мир со самите себе, мир со сета твар.

Покајанието се раѓа од надежта и решителното откажување од очајот. И оној што се кае – е оној, што заслужува осудување, но си заминува од судницата без срам и потсмев, затоа што покајанието – е нашето помирување со Бога. И тоа се постигнува преку достоен живот, преку војна со гревовите, кои сме ги правеле во минатото. Покајанието – е очистување на нашата совест. Покајанието – е спремност, без ропот и преобразени од љубовта, да поднесеме секаква тага и секаква болка“.

Ајде да се запрашаме: како можеме да достигнеме таква состојба, да би можеме да се откликнеме на повикот од Бога, Кој нè прима онака, како што таткото го примил блудниот син? Зашто кога го отфрливме, Тој толку нè чекал, со толкав копнеж, тага, и никогаш не се откажал од нас! Како можеме да се откликнеме на таквиот повик од Бога?

Одговор, можат да ни станат зборовите на истиот Јован Лествичник, за молитвата: „Не се вежбај во молитваната красноречивост, затоа што нашиот Небесен Отец често се радува и на срамежливото, просто пелтечење од децата. Не многуслови кога разговараш со Бога, затоа што поинаку, барајќи зборови, ќе се заплеткаш во нив. Само за еден збор, Бог го помилувал митарот; еден збор со вера го спасил разбојникот на крстот.Многуте зборови во молитвата го расејуваат умот и го полнат со изобилство на образи. Еден збор пак, насочен кон Бога, го собира умот во Неговото присуство. И ако, кога се молиш, некој збор те допрел до срцето, стигнал до неговите длабочини – држи се до тој збор, повторувај го, зашто во таквите минути, самиот ангел-чувар се моли со тебе, зашто тогаш сме праведни и верни и пред себеси и пред Бога“.

Да помниме, што вели свети Јован Лествичник, дури и ако се заборават моите појаснување; да ги помниме неговите зборови, затоа што тој бил човек, кој знаел што значи да се обратиме кон Бога и да останеме со Него, да бидеме радост за Бога и самите да се радуваме во Него. Затоа, Црквата ни предлага денес, кога започнуваме да се искачуваме кон страстните дни, да му оддадеме чест на свети Јован Лествичник, зашто тој – е пример за тоа, како благодатта Божја може обичниот, прост човек да го претвори во светилник на светот.

Да се научиме од него, да го следиме неговиот пример, да се радуваме за тоа, што Бог може со Својата сила да направи со човекот; и со увереност, со надеж, со ликувачка, и едновремена тивка, непобедлива радост да го следиме тој совоет – да Го слушнеме Бога, Кој нè премолува да го најдеме патот на животот и ни кажува, дека со Него, во Него ќе бидеме живи, зашто Тој е Вистината, но исто така и Патот, и Животот вечен. Амин!“

Митрополит Антониј Сурожскиј

3,3 6

12

ПРЕМИНИ КОН ФОТОГАЛЕРИЈА