На 27.03.2016 г, во втората недела од Велигденскиот пост посветена на светиот Григориј Палама, архиепископ Солунски и Чудотворец, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Свети Георгиј Победоносец во Ресен.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
„Треба да живееме така, што и сите Евангелија да бидат изгубени, да може да се напишат од нашите животи“.
Митрополит Антониј Сурожски