Недела на Страшниот суд (Месопусна недела)

На 06.03.2016 г, на третата подготвителна недела пред Великиот Пост, Неделата на Страшниот Суд, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Свето Преображение, Прилеп. 

…Кој ќе нè одвои од љубовта Божја; тага ли, невола ли, или гонење, глад ли, или голотија, опасност ли или меч?
Како што е напишано: „Заради Тебе секогаш нè убиваат; нè сметаат како овци за клање.”
Но во сето ова победуваме преку Оној, Кој нè возљуби.
Оти сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни силите, ни сегашнината, ни иднината,
ни височината, ни длабочината, ниту, пак, некоја друга твар ќе може да нè оддели од љубовта Божја во Христа Исуса, нашиот Господ.

(Рим. 8, 35-39)

P1260407