Евгениј Леонов бил комичар на екранот и трагичар во душата. Срамежлив по природа, скромниот и тажен актер, цел живот го чувствувал недостатокот на човечката топлина и разбирање. А љубов и добрина во тој човек имало толку многу, што сите негови многубројни улоги во театарот и во киното не можеле да ги исфрлат на виделина. И тогаш, тој седнал и ја напиша книгата „Писма за синот“. Таа книга – е кладенец на световна мудрост и откровение на човекот со голема душа и светло срце.
- Среќа – тоа е кога наутро сакам да сум на работа, а навечер – дома.
- За некого, Бог е на небото, а за некого во сопственото срце. И тој Бог во срцето не дозволува да се падне под одреденото ниво на човекот. Тој не дозволува со нога да го удриш кучето, да го навредиш стариот човек, лошо да се однесуваш кон родителите. („Јас Леонов не станав, јас Леонов се родив“.)
- Навредите не треба да ги собираме. Не се баш, некое големо богатство.
- Преку целиот мој живот, како и во животот на секој човек, поминале многу луѓе. Со некои се среќавав одблизу, а со некои просто патував со автомобил на снимање. Но секој човек, ако го погледнеш во очите, е цел еден свет. Бидете внимателни кон тие светови. Тука е почетокот на уметноста.
- Работниот ден кај мене е непланиран. Нема никаков ред. Од тоа, карактерот ми е нервозен, тежок за другите. Цело време молчам. Молчам кога треба да зборувам. Кога не треба, зборувам глупости. (од филмот, „Долга, долга приказна“).
- Мене лично ми се чини, дека политиката сама по себе – е чиста работа. А во однос на луѓето кои ја прават, – тука треба да се разговара.
- Јас мислам, дека не постојат луѓе кои воопшто не се способни да прават добро. Се случува, човекот да се ожесточи и нему му се чини, дека во неговата душа нема место за добрина, но тоа е грешка, тоа е привремено: не правејќи добри дела, човек во овој свет се чувствува непријатно.
- Кога велам – осаменост, го имам во предвид, кога нешто правам, а мене не ме разбираат, тогаш сум осамен.
- Стравот –сеуште не е слабост. Но ако стравот те предизвикува да се повлечеш, ако ги штедиш своите сили и како резултат на тоа, самиот се смалуваш – тоа е – слабост.
- За да го знаеш животот – треба да живееш. Не заштитувај се себеси од своите и туѓите конфликти, не плаши се од опасноста, ризикот, не барај полесни патишта, не бегај од одговорноста, не мисли, дека твојот дом е на крајот и дека ветровите на времето тебе нема да те допрат.
- Постои ли во твојот живот човек, пред кого не се плашиш да бидеш мал, глуп, невооружен, во сета голотија на своето битие? Тој човек и е твојата заштита.
- Тишината – тоа е една посебна состојба на мирот и човечката душа. Мене ми се чини, дека ние се чувствуваме како честичка од природата, као капка од океанот само во тишината. Надвор од тишината, не може да се разбере убавината.
- Среќа – тоа е живот без страв. Без очекувања и претчувство на тешкотии и несреќи.
- Велат: сега се други времиња. Друг Бог. Друг морал. Друга правда. Но во тоа е и работата, дека Друг Бог нема. И друг морал нема. И друга правда. Сè да закопаме е невозможно. Особено не во уметноста.
- Се случува, доволен да е само еден добар збор, за да се почувствуваш себеси како да имаш крила. И многу е важно, тој збор да биде кажан при животот на човекот.
(Од Писмата до синот)
Превод: Игор Ризановски
Извор: https://www.adme.ru