Го прашале еден родител:
– Како се однесуваат децата твои кон тебе?
– Децата мои? Како кон Господ!
– Навистина?! Како тоа?
– Па, речиси воопшто не ме слушаат, ако побарам нешто од нив, не го исполнуваат. А некогаш дури и се однесуваат како да не постојам. Но, ако им затреба нешто – одма викаат…