На средбата со студентите во Сретенската семинарија, настојателот на манастирот Света Марија Египетска во Њу-Јорк, схиархимандритот Јоаким (Пар) раскажа за неговиот опит на монашко служење и духовен живот во мегаполисот, а потоа одговори на прашањата од семинаристите: како да сфатиш дали си повикан за монаштво, што значи – да се биде духовен отец, како се градат односите со духовникот, во што смирението се разликува од смиреномудрието, како во секојдневната суета да не се изгуби чувството за присувството Божјо и другите.
Схиархимандрит Иоаким (Пар)
За монаштвото надворешно и внатрешно
– Постои ли разлика во животот на монахот, кој живее во градот, и во животот на монахот кој живее во пустина?
– Постои, иако не треба. Структуната организација на монашкиот живот на многу места е навистина монашка Таа структура од кого се создава? – од луѓе. Духовната структура на манастирот се создава од Светиот Дух. Вие можете да имате монашка структура, но притоа да немате монашки живот. Затоа што монашкиот живот – не е структура. Монашкиот живот внатрешно се раководи со Светиот Дух. Тој нема потреба од никакви реформи – тој има потреба, да живеат по него! Тој никогаш не ја напуштил Црквата, никогаш не подлежел на корупција – а монашките структури се расипувале, и монасите сами по себе се расипувале. Што е суштината на монашкиот живот? Да живееме заедно со Бога, заедно со другите да Го бараме Господ пред сè. Ако тоа го имаме, имаме и манастир; ако тоа го немаме, немаме ни монашки живот.
Ме прашуваа луѓе, дали сум нашол примери на добар монашки живот во Русија. Јас им реков, дека добрите примери на монашки живот обично не ме канат на гости. А оние, кои се борат, ме бараат: „Отец, дојди да се видиме“. Има многу малку места, кои го напуштиле светот. И ако светот не е напуштен ни од тоа место, ни од тебе, тогаш ти не си монах. Што значи тоа? (Кога велам свет, не зборувам за физичкиот, туку за духовниот свет на битието на човекот после паѓањето во грев). Човекот постои поврзан со гревопадот – затоа и светот е духовно повреден. Светот се бара себеси, а не Господ. За да биде монах, човек треба да го напушти овој повреден духовен свет, кој се потчинил на гревот, и да влезе во духовниот свет, кој себеси се остава на страна и го бара Господа. Можете да бидете монах било каде и да го напуштите светот во секое место. Вие можете да бидете човек, кој се нарекува монах, дури и во пустина, но да бидете „свои“ на овој паднат свет, да му бидете потчинети нему. Се ослободивте ли од светот? Ако не, тогаш знајте дека не одиме таму.
Погледнете околу вас. На многумина дури им е тешко и да помислат на тоа: многу е веројатно, дека еден или повеќе од вас, никогаш нема да го види Царството Божјо. Не затоа што Господ тоа не го сака, а затоа што вие нема да го направите она што е потребно, за да влезете во него. Вие ќе изгубите сè, за што сте биле создадени, само заради едно: заради љубов кон себеси. Докажете ми дека не сум во право. Колку страшна загуба ќе биде тоа! А ние не ни размислуваме на тоа, не се грижиме многу за тоа!
Каде треба да биде Црквата? Секаде! Има ли место, каде што свештеникот не треба да оди. Ако има, значи тој – не е свештеник. Ако тој не живее по Евангелието, најдобро да си седи дома. Веќе имаме доволно лицемери. Ако не сакате да живеете по Евангелието, седете си дома – никој од вас нема потреба. За што се спремаме? За работа? Кариера? Спремни ли сте да бидете приковани на крст, за да ги ослободите другите? Толку многу се очекува од нас!
Ќе ви раскажам една случка. Кога бев помлад и поздрав, патував со автобус невечер, во петок сабота и недела, за да хранам бездомници. Влегував под мостови, одев по алеи, се спуштав во метроа – наоѓав бездомници, наркомани, алхохоличари, луди. Една саботна вечер, после службата, дојдоа луѓе да ни помогнат: да подготвиме храна, да собереме облека. Требаше да заминеме доцна, затоа што бездомниците се собираат на местата доста доцна – во спротивно полицијата ќе ги уапси. И ние дојдовме на една од централните метро станици. Обично, внатре во станицата не влегувам – земам со мене луѓе, и тие ја работат целата работа. Но, бидејќи носам мантија, ми благодарат имено мене. Но, една доцна вечер – не знам зошто; веројатно Бог така сакал, – и јас влегов заедно со сите во метрото. И жената-стражар почна да вика: „Немате право да влегувате тука и да носите храна со себе!“ Јас им реков на моите: „Скокајте преку турникетите, а јас ќе ѝ го одвлечам вниманието“. Јас отидов да поразговарам со неа, таа ми рече: „Што има тука да се разговара? Не смеете!“ – „Но ние ги храниме бездомниците“. – „Ќе се створи неред!“ – „Ние ќе го направиме тоа“. – „Не смее. Затоа што мојот началник постави такви правила и ќе си имам проблеми“. Јас пак ѝ реков: „А мене мојот Началник ми заповеда да направам имено вака, и ако не го направам тоа, и јас ќе се најдам во неволја“. Таа ме пропушти.
Во метро, обично јас не скокам на шините: тие се под висок напон, и лесно е да се изгориш. Се спуштив во тунелот, каде што возовите одат ретко, па затоа луѓето би можеле некако да ја поминат ноќта таму. Еден од помошниците беше со мене, тој ја носеше храната. Видовме големи шатори од најлон покрај ѕидовите.. Прашав: „Има некој дома? Сакате храна?“ – без предупредување не можеш да влезеш во шаторот, може да те убијат. Едно момче го отвори шаторот и ме погледна. „Баѓушка!“ – ми зборна на руски. Го прашав: „Православен си?“ „Не!“ – рече. Тој бил од Украина. „Но, побара благослов.“ – „А јас повеќе не верувам во Црквта! Црквата не направила ништо за мене! Кога ми е потребна, никогаш ја нема!“ Јас му реков: „Еве ме – јас тука сум! Црквата дојде кај тебе, јас сум тука!“. Тој почна да ми раскажува, што со Црквата не е во ред. Јас му реков: „Во право си. Но зошто да не одиш таму, каде што е животот? Излегувај оттука, ние ќе ти помогнеме“. Тој ми рече: „Не. Јас умирам“. – „Но, дозволи ми да те однесам во болница“. И тој почна да ми раскажува за неговиот живот – четириесет минути разговаравме. И на крај, ме праша дали може да го исповедам. Секако да. Триесет години не бил на исповед! Јас го исповедав, потоа му реков: „Дозволи ми да те одвезам дома“. Тој рече: „Не“. Јас бев многу растажен од тоа, што неговата рана беше толку длабока, што веќе никому не му веруваше.
Во три часот после полноќ се вратив дома, се истуширав, и легнав да спијам. Станав во пет часот, за да одам во црква. Но, цело време мислев на тоа момче. И кога службата заврши, им реков на едни луѓе, кои беа во храмот: „Дојдете со мене – треба да извлечеме еден човек од тунелот, да го однесеме во болница“. Влеговме во тунелот, а тоа момче веќе беше мртво, веќе го однеле…
Колку луѓе има во Москва, кои се откажале од Црквата, а ние не сме ги посетиле? Треба да отидеме во тунелите и да погледнеме на нив. Да погледнеме по улиците, во лудниците, во парковите – тие не Го гледаат Христос, затоа што ние не им Го покажуваме!
(продолжува…)
Извор: pravoslavie.ru