“ Тој копнееше да го проповеда Евангелието на оние, кои не го слушнале. “ Затоа еден историчар го опиша Свети Николај Јапонски како еднаков со Апостолите, кој го засади Православното Христијанство во Јапонија во доцните 1800-ти. Јас бев многу среќен да служам од 1977 до 1979 во Катедралата на Светото Воскресение во Токио, познато на јавноста како Николај-До, „куќата на Николај“.
Свети Николај, во 1860 г., беше назначен како Руски конзулски свештеник во Хакодате, на островот на Хокаидо во северна Јапонија. Тој можеше да има многу удобен живот, да служи само за потребите на Рускиот народ таму. Но, тој не направи така, туку ги вложи сите свои напори да ги евангелизира луѓето во Јапонија.
Мисионерските принципи на Свети Николај беа три – љуби ги луѓето, најпрвин со разбирање, кои се тие, биди храбар во споделувањето на верата, работи напорно и постојано.
Тој посетувал Будистички манастири за да ги разбери нивните верувања. Всушност, во манастирите, тој се вклучувал во такви интензивни дискусии, така што монасите помислиле дека сака да се преобрати во Будизам. Сепак, работата била поинаква. Тој сакал да ги обрати нив. Но, најпрвин требале да ја разбери духовноста на Јапонците. Зошто? За да може да им служи. „Тој се обидел да го трансплантира Православието во Јапонските умови и да го внесе во јапонскиот дух.“ Но исто така, било многу важно луѓето да ги разберат молитвите, Литургијата, и богословието на Христовата Црква. За да го направи ова, тој ги преведе на јапонски Новиот Завет и службите на Православната Црква, без престан до неговата смрт во 1912.
Кога Свети Николај започна со работа, Христијанството беше забрането, и било какви мисионерски напори можеа да го доведат во затвор и смрт. Еден ден, еден Самурај со меч дошол да го види, со намера да го одврати од неговите христијански верувања, а ако не успее во тоа – да го убие. Свети Николај го убедил воинот да седне со него на чај и да имаат смирен разговор. Самурајот, на крајот станал еден од првите Јапонски Православни свештеници. Свети Николај бил храбар во споделување на верата.
Во 1911, Јапонската Православна Црква имаше три пати повеќе катихети како свештеници. Катихетите не беа семинарски обучувани. Тие се среќавале во куќа, двапати неделно, да научат за Христос и Неговата Црква. Но, Свети Николај не им дозволил да си ги чуваат нивната новостекната вера и знаење само за себеси. Тие држеле часови два пати во неделата, учејќи ги оние кои знаеле помалку од нив. Тие работеле напорно и сериозно.
Како резултат на моето искуство во Јапонија, следено од мисионерските напори во Тексас, Хонг-Конг и Сингапур, јас дознав дека следните три едноставни и јасни принципи се многу корисни. За жал, тие се толку едноставни што некогаш се забораваат.
Вклучи ги луѓето во службата и работата на Црквата. Во нашите мисии во Сингапур и Хонг-Конг, ние не се потпиравме на еден или два читачи, но ги замолувавме луѓето во заедницата да ги читаат псалмите. Пеевме од едноставни песнарки, осигурувајќи се дека што повеќе слушателите ќе ги разберат зборовите, особено кога се нови за нив. Ние воспоставивме поинакви пристапи кон музиката на службите. Во Сингапур, Богослужбата беше пеена со користење на две, од книгите на утрената Богослужба. Православните се чувствуваа како дома, а новообратените учеа за различноста. Организираните мисионерски служби и активности бараа многу работа. Не чекавме луѓе да волонтираат. Баравме да ни помогнат, нагласувајќи дека секој е повикан да биде дел од „браќата работници“ на Свети Павле.
Да се едуцираат луѓето во зборови и концепти, кои што можат да ги разберат. Го нагласувавме Христос, дневниот живот на молитвата, читањето на Библијата, добрите дела, љубезноста, дарежливоста и трпението. Во Сингапур, потенцијалните новообратени, кои се обраќаат од Будизам, го читаа Евангелието по Марко, бидејќи е наједноставно, најкратко и најдиректно од четирите. (Помнете дека Евангелието на Свети Марко беше она, кое Митрополитот Антониј Блум, како неверник, го прочита и ја осозна присутноста на Христос.) Нашата Црква во Сингапур, беше мала, едноставна и интимна. Учењето беше прилагодено кон потребите на луѓето – Една жена, иселеник, рече дека жали што мора да се врати во нејзината голема црква во Америка и дека ќе ѝ недостига блискоста и споделувањето на заедницата во Сингапур.
Бидете модели на христијанско однесување на оние, на кои им мисионерите. Љубете ги другите на практичен начин. Сите примајте ги топло. Осигурајте се и тие да учестуваат во животот на Црквата. Научете за нивните фамилии, нивните надежи, нивните неволји. Молете се за нив. Без разлика на големината на парохијата или мисијата, вклучувајте ги луѓето, свештениците и народот, да се грижат за другите. Кога гледате на заедницата, не гледајте само на „правилата“, но исто и на луѓето кои не се таму, познати и непознати. Вклучете ги тие кои се таму, на кои им треба спасителната порака на Господ Исус Христос.
Љубете ги луѓето, бидете храбри, и работете напорно.
Протоѓакон Петар Данилчик,
Мисионер во Сингапур
Извор: http://www.pravmir.com
Превод: Дамјан Божиновски