И оваа година, на празникот на Крштението Господово, Католикос-Патријархот Грузиски Илија II, на 42-та масовна крштевка на третите и следните деца, крсти 659 деца, на кои кум е лично тој.
Таинството на Крштевањето се одржа во соборниот храм на Пресвета Троица, во Самеба.
На родителите на крстените младенци им биле подарени крстиња, Крштеници и Божиќната посланица од Грузискиот Патријарх.
Денеска, Патријархот Илија II има 26 688 кумашинчиња. Последното, временски, сеопшто крштение беше на 23 ноември, 2015 година, на денот на свети Георгиј.
Првата општа крштевка, се одржа по иницијатива на Патријархот, на 19 јануари, 2008 г. Целта на иницијативата на Претстојателот на Грузиската Православна Црква – е најнапред, подобрувањето на демографската ситуација во Грузија.
Извор:http://uoj.org.ua