Концерт на хорот „Св. Ахил Преспански“ во Ресен

На 30.07.2016 г., под покровителство на Министерството за култура, во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, црковниот хор „Св. Ахил Преспански“ одржа концерт со византиско пеење, исполнувајќи песнопенија од Божествената Литургија. 

На концертот присуствуваа Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен, градоначалникот на градот Ресен д-р Ѓоко Стрезовски, како и мноштво граѓани кои го збогатија овој настан со нивното присуство.

После концертот, Митрополитот г. Петар одржа краток говор за значењето на Светата Литургија, како центар на животот на христијаните.

image-0-02-01-5a845739671073d49583f1e572a3fc09d49959004cf1f8178c82d364605a3591-V

image-0-02-01-2c82d402506493afcaaf0968116c340fdcb3d04a7d07347b733dbcf6e471d219-V

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА

Кратко видео може да проследите тука