Бог на мирот да биде со нас+
Сестра Ника, радувај се во Господ Исус.
… Како е Христос? Веќе влезе во твоето срце, или сеуште стои надвор? Претпоставувам, дека не само што влезе, но и се успокојува на меките перја во твоето срце. И значи – среќна си, зашто се удостои да го примиш како гостин другарот на туѓинците и сиромасите, Исус!
Те прашувам: има ли рани на Неговите раце, нозе и ребра? Зашто гледам, како денешните христијани Го рануваат со своите гревови уште поусрдно, отколку јудеите кои не Го познале. Ника, има ли Тој траги од плунки на Неговиот прекрасен и најсладок лик? Зашто, многумина од нашите современици, образовани и неписмени, Го понижуваат по улиците и кафаните. Тој е гол или оди во порфирен хитон, во кого Го облековме ние, свештениците, потсмевајќи се над благодатта од Божествената Литургија?!
Не бркај го изранетиот Исус, не верувај на обвинувањата од Неговите непријатели. Прими Го во домот на твоето срце, како Лука и Клеопа. Подготви Му вечера и јади со Него, затоа што така ќе го очистиш своето „јас“ од гревовите. Дните минуваат, телото слабее, а Господ трпеливо чека.
Ќе ми биде многу мило, кога ќе дојдам да чујам, како од твоето срце зборува Христос, што искрено ти го посакувам,
Твојот брат во Христос, Амфилохиј.
15 Јануари, 1955 г.