Почитувани,
Поради потребите на Светата Црква од црковни псалти, односни професионализација на нискиот клир (црковни чтеци, певци), ги известуваме сите заинтересирани граѓани, кои сакаат да го изучуваат древното македонско, источно црковно пеење на Православната Црква, дека Светата Митрополија Преспанско-пелагониска ќе организира 2-годишни курсеви за подготовка на црковни псалти.
Сите кандидати, по успешното завршување, ќе имаат можност да бидат ангажирани во храмовите на Православната Преспанско-пелагониска Епархија.
Курсот опфаќа изучување и совладување на следните дисциплини, потребни за професионално извршување на псалтикијните задолженија и правилно исполнување на православната богослужба:
- Теорија на музиката со солфеж и вокална техника;
- Македонското древно источно црковно пеење;
- Хорски партитури;
- Типик;
- Литургика;
- Вовед во Православната вера (катихизис со црковнословенски јазик).
Стручните музички предавања ќе бидат под раководство на м-р Гоце Секулоски.
По тој повод, на ден 05.09.2016 г., ќе биде одржана аудиција за прием на првите кандидати.
Потребни документи: CV со фотографија.
За подетални информации, сите заинтересирани верници може да се обратат на
И на телефонските броеви:
077/860-490 (Гоце Секулоски)
078/566-224 (Златко Дивјаковски)