Во Рускиот манастир „Свети Пантелејмон“ на Света Гора, на 2 октомври, 2016 г., беше избран новиот игумен на манастирот, јероѓаконот Евлогиј (Иванов), – соопштува порталот Русский Афон.
Процедурата на изборот била во соодветност со т.н. „Светогорска Конституција“, потврдена од владата и парламентот на Грција во 1926 г. Според неа, во гласањето може да учествуваат монаси, кои имаат монашки стаж не помалку од 6 години (или монаси од други манастири, кои живеат во манастирот, не помалку од горенаведениот рок). Согласно тоа, во гласањето учествувале 37 од 103 луѓе, кои живеат и се подвизуваат во манастирот.
Интронизацијата на новоизбраниот игумен ќе се одржи после потврдувањето од Свештениот Кинот и Цариградскиот патријарх.
Јероѓаконот Евлогиј (во светот Иванов Михаил Николаевич) е роден во Челјабинска област, на 12 октомври, 1958 г. Пострижен е во мантија во Троицко-Сергиевата Лавра на 25 ноември, 1985 г. Ракоположен 2 на 23 декември, 1986 г., во истиот манастир. Жител на Пантелејмоновиот манастир станува на 15 мај, 1988 г. Носел свое послушание и во подворјето на манастирот во Константинопол (Инстамбул).