На 15 ноември, на денот од неговото упокојување, си спомнуваме за некои поуки на упокоениот Патријарх Српски Павле. Бог да му подари Царство Небесно.
* * *
Кога човек се раѓа во светот, сите се радуваат, само тој плаче. Живеј така, после твојата смрт сите да плачат, а ти да се радуваш.
* * *
Не дозволувај му на злото да те победи, туку победувај го злото со добро.
* * *
Доброто е посилно од злото. Секоја победа на злото во историјата е само привремена и привидна.
* * *
Животот – е дар Божји. Ние сме го добиле од Светиот Дух, за да го искористиме на добро.
* * *
Често, тоа што ни изгледа невозможно, со Божја помош станува лесно и просто.
* * *
Никого нема да приведете до Бога, ако самите не сте со Него блиски. Никого нема да го поведете по Божјиот пат, ако самите не сте пошле по него во животот.
* * *
Колку сме подалеку од Бога, толку сме подалеку еден од друг.
* * *
Не можеме да бараме за себе мир, правда и слобода, кои не би им припаѓале и на другите.
* * *
Не може да има слобода без одговорност, како ни одговорност без слобода.
* * *
Треба да се плашиме само од гревот, само од она што нè одделува од Царството Небесно.
Извор: Предание.ру