Грузискиот Патријарх одговара на писмото на Цариградксиот Патријарх, објаснувајќи ги причините за неучествoто на Соборот
На 23 јуни, Romfea.gr го објави одговорот на Грузискиот Патријарх на Писмото од 17 јуни, од страна на Константинополскиот Патријарх, кој побара повлекување на решението на Синодот на Грузиската Православна Црква да не учестува на Соборот.
Писмото на Грузискиот Патријарх Илија, уште еднаш објаснува, дека причините за неучествувањето се целосно основани врз догматски причини и никако врз политички пресметки.
Главните точки на писмото се:
- Светиот Синод не го доби писмото од Константинополскиот Патријархат, од 13 Јуни, но дозна за него од медиумите. Ова е причината за доцниот одговор.
- Не е точно тоа, што некој припишува политички или слични интереси, како причина за нашата одлука да не учествуваме во Соборот.
- Се молиме, одлуките од Соборот да бидат прифатливи за целата Црква.
- Грузиската Црква никогаш не се согласи со текстот “Светата Тајна Брак и препреките за неа“. Таа не смета дека е прифатливо да се укине одлуката на Вселенскиот собор (72 од Петто-шестиот Вселенски Собор), која забранува мешани бракови, кои би овозможиле неправославните да учествуваат во Тајните на Црквата.
- Светиот Синод го одби овој документ и на 8 октомври, 1998 г, и повторно на 25 мај, 2016 г. Исто така, Грузиската Црква не го прифати ова и на Соборот на Поглаварите во Јануари. За оние, кои ја цитираат нашата согласност за одлуките од Соборот во Јануари, кој го закажа одржувањето на Великиот Собор, одговараме дека овие одлуки беа донесени пред гласањето на Поглаварите околу контроверзниот текст. Ние ја потпишавме одлуката за одржување на Соборот, со надеж дека евентуално ќе најдеме согласност за сите текстови, што, како и да е, не се случи.
- За жал, нашата Црква не виде никакви плодови од нашата посета на Фанар во Април, кога побаравме тој текст да се тргне од агендата на Соборот.
- Дури и сега, повторно бараме тој текст да не се вклучува во агендата на Соборот, затоа што не беше прифатена на Сеправославно ниво, ниту усогласена со Антиохиската Црква.
- На соборот на Поглаварите во Јануари, изјавивме дека текстовите треба да бидат објавени и дадени до знаење на полнотата на црквата, и истите да бидат испитани од ерархијата на нашата Црква. На состанокот на нашата ерархија, на 25 мај, се одлучи следното:
А) Текстот: „Односите на Православната Црква со останатиот христијански свет“ содржат сериозни еклисиолошки и терминолошки грешки, и како таков, мора подробно да се преработи. Во недостаток на оваа преработка, Грузиската Црква не ќе може да се согласи.
Б) Текстот „Мисијата на Православната Црква во модерниот свет“ исто така има потреба од извесни промени, кои ги укажавме.
В) Текстот „Светата Тајна Брак и препреките за неа“, во сегашната форма, е неприфатлив поради горенаведените догматски причини.
Патријархот го заврши ова писмо со апел до Цариградскиот Патријарх:
„Се надеваме во Вашата мудрост. И повторно, ја изразуваме надежта дека ќе го спречите создавањето на проблеми во Телото на црквата, како и секакво донесување на одлуки, кои ќе фрлат сенка врз единството на Црквата“.
“We hope in your wisdom. Yet again, we express our hope that you avert the creation of problems in the body of the Church, as well as any decision-making, which will cast a shadow upon the unity of the Church.”