Според грузиските хроники, во 1227 г., Султанот Хорезмски Џапал-Ед-Дин ја нападнал Грузија, Во првиот ден од битката, пред ѕидините на Тбилиси, грузиската војска доблесно го одбила нападот на непријателот, но персите кои живееле во Тбилиси, ноќта, предавнички ги отвориле градските порти и ги пуштиле непријателските војски во градот. По зборовите на летописецот, кој го опишал еден од најстрашните денови во историјата на Грузија „не може со зборови да се прераскаже истребувањето на христијаните од непријателите, кога откинувајќи ги од мајчините гради младенците, пред нивните очи ги фрлале од мостот“. Крвта како река течела низ градот. Младичите ги кастрирале, жените силувале, мајките ги колеле над труповите на децата. ОД плач и липање се тресел градот. Реката и градските улици биле полни со убиени.
Султанот наредил да се симне куполата од сионскиот храм, и на негово место да се постави неговиот трон. Потоа, злото ги надминало границите: по наредба на Џапал-Ед-Дин, од Сионскиот храм ги изнеле иконите на Богородица и Спасителот, ги поставиле на средината на мостот преку реката Мтквари (Куру) и, изгонувајќи ги граѓаните на мостот, им наредиле да поминат по него, газејќи ги светите икони. Оние што ќе се откажеле од христијанството и ќе ги згазеле светите икони, им ветиле дека ќе ги остават живи, а на останатите им ја отсекувале главата.
Сто илјади грузијци го жртвувале својот живот заради поклонувањето на светите икони. Сто илјади отсечени глави и обезглавени тела однеле крвавите бранови на реката Мтквари.
Извор: http://www.geomigrant.com