– Старче, во што е суштината на духовниот подвиг? Во аскетиката?
– Треба да гледаме пошироко, отец Симон! Духовниот подвиг не се состои само во тоа, да се стекнува благодатта, но и да се чува здобиената состојба на духот, дури и кога благодатта се повлекува, и имено – да не се предава умот на старите навики на расудувачко мислење. Борбата со телото, или аскетиката, се сведува на тоа, да не му правиме отстапки, да не го предадеме умот. А борбата со гордоста – најсуровиот подвиг, да успееме да го поминеме тој пекол на борбата, со неповреден ум и срце, то ест, да се научиме да го „држиме умот во адот“, како што велел старец Силуан, треба да се научиме не да се бориме со злото, туку да го воздржуваме умот од зло. Гонејќи го злото, нема да станеш свет, туку злобен. Ако се научиме да го воздржуваме умот од паѓање во гревовни состојби, тогаш несоздадената светлина од созерцанието го проголтува тој ум, откривајќи го во нас Божественото присуство на Христос. Тоа божествено присуство или славата Божја е одраз во нас на беспочетното блажено битие на самиот Бог.
+ схимонах Григориј, Света Гора, Атос
Од книгата на монах Симеон Атонски „Птици небесни, или преку молитвата кон свештеното безмолвие“.