Голема Пасхална Вечерна во Битола

На 01.05.2016 г, на првиот ден од Светлото Христово Воскресение, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Голема Пасхална Вечерна во соборниот храм Свети Димитриј, во Битола. 

Воскресното Евангелие беше прочитано на 15 јазици.

 

 

  1. Во почетокот беше Словото, и Словото беше +во Бога, и Бог беше Словото.
  2. Тоа во почетокот беше во Бога.
  3. Сè стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана.
  4. Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето.
  5. И Светлината во темнина свети и мракот на ја опфати.
  6. Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бога;
  7. тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.
  8. Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината.
  9. Постоеше вистинска Светлина, Која го просветлува секој човек, што доаѓа на светов.
  10. Во светот беше и светот преку Него стана, но светот не Го позна.
  11. Дојде при Своите и Своите не Го примија.
  12. А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде можност да станат синови Божји:
  13. кои не од крв, ни од похот машка, а од Бога се родија.
  14. И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.
  15. Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: „Овој е за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, ме испревари, оти постоеше порано од мене!”
  16. И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат;
  17. зашто Законот беше даден преку Мојсеја, а благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа.

(Јн. 1, 1-17)

P1280793 P1280828 P1280854P1280868P1280879

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА