Експлозија за време на службата ја погоди катедралната црква Свети Марко, која е главната Коптска црква во централно Каиро.
Експлозијата уби најмалку 25 луѓе за време на неделната служба во црквата во Каиро, во близина на главната Коптска Христијанска црква, според Египетската државна телевизија.
Експлозијата се случила низ црквата Свети Петар, околу 10.00 ч по локално време, ранувајќи најмалку уште 35 други луѓе, според изјавите на службите за безбедност.
Црквата Свети Петар е зад катедралата Свети Марко, која е седиште на Египетската Православна Црква и каде е сместена канцеларијата на нејзиниот духовен поглавар, Папата Тавадрос II.
Утринава, службите се одржувале во Свети Петар, додека црквата Свети Марко е во фаза на реновирање.
Официјалните извештаи велат дека бомбата била поставена во црквата, додека некои сведоци велат дека бомбата била поставена во самата зграда.
„Најдов тела, многу од нив жени, како лежеа на подот. Беше ужасно“ – вели вработениот во црквата, Атија Махрус, кој отрчал во капелата веднаш штом ја чул експлозијата. Неговите раце и облека беа облеани со крв и прав.
Никој не ја презеде одговорноста за овој настан.
Извор: http://www.pravmir.com/egypt-25-killed-bomb-blast-st-marks-cathedral/