Дали молитвата навистина делува? – Сестра Васа Ларин

Еден млад човек од Америка ми постави прашање:

„Навистина ли Бог се вмешува во нашиот живот, кога Му се молиме за да ни дарува сила и мир, на пример? Некогаш мислам дека, иако се молам за тоа, никогаш не го добивам посакуваното, и за жал, веќе сум ја изгубил надежта, се плашам дека престанувам да верувам во силата на молитвата“.

Тоа е многу важно прашање, кое си го поставуваат многу луѓе, дури и воцрковени. И тоа е поврзано со културата на потрошувачкото општество. Ние ги пренесуваме нашите потрошувачки барања врз нашите односи со Бога, изложувајќи Му список на прозби во молитвата. Во што е проблемот на таквиот пристап кон молитвата?

Најпрвин, затоа што таквата молитва, на крај, нема да придонесе на човекот ни среќа, ни задоволување од добивањето на посакуваното.

Второ, нашата претстава за среќата и задоволството често не се совпаѓа со претставите на Бога за тоа. Затоа што нашата претстава може да биде егоистична конзумирачка. Ние луѓето, затоа и не секогаш, точно знаеме што сакаме, и не секогаш можеме да ги опфатиме сите детали она што го посакуваме во тој момент. Не можеме да ги предвидиме сите последици од добивањето на посакуваното. Само Бог гледа и предвидува сè, имајќи совршено знаење за сите работи. Тој ја гледа целата слика, па така, Тој знае што е полезно за мене.

Јас можам да станам причасен на знањето на Бога за мене, преку молитвата. Затоа што Бог – е Оној Кој постои. Тој не е некаква конструкција во мојот мозок, која си ја замислувам, изучувам или ја градам во главата, за дури потоа да се помолам. Не. Бог – е Оној Кој е. Ние можеме да разговараме со Него, и преку таа врска да се менуваме. Тоа е првиот дар на молитвата – да општиме со живиот Бог и да Му станеме причасни. Јас Му се откривам на Бога, а Тој не се сокрива од мене. Он е секогаш спремен да ми ги даде Неговите дарови, било да се тоа сила, мир, смирение, благодарност, самореализација, стабилност и рамнотежа, кои ги наоѓам во Него.

Така, еден од начините да станеме отворени за Божјата сила и Божјиот мир – е молитвата.

Бог не се менува од тоа, дали јас се молам или не. Но, кој се менува преку мојата молитва? Јас. Особено, ако се молам како што учи Бог. Во молитвата, ние му се откриваме на Бога, молитвата – не е надминување на бариери, кои Бог ги поставил пред нас, туку ние се отвораме, за да се биде Неговата волја.

Пред да нè научи да се молиме, Исус Христос ни вели во Евангелието од Матеј (6, 8): „а молејќи се, не кажувајте ништо излишно, како јазичниците, кои мислат, дека во нивното многусловие ќе бидат услишани; не се уподобувајте на нив, зашто Отецот ваш знае, во што имате потреба, уште пред да побарате од Него“.

Постојат два одговори на прашањето како да се молиме:

  1. Почни да се молиш;
  2. Продолжи да се молиш.

Така, ние почнуваме да се откриваме за Божјиот мир и Божјата сила, и за сите други дарови на Светиот Дух, кои Он сака да ни ги подари. Сите бариери во нашите односи со Бога – се од наша страна, не од Негова.

Затоа, не треба да губиме надеж, паѓајќи во самонадежност или егоизам во односите со Бога. Ние секогаш можеме да се вратиме кон вистинската молитва, да се молиме онака, како што Он нè научи, и да бидеме отворени за Него. Дејството на молитвата не зависи од нашата претстава за тоа, како таа дејствува. Таа секогаш дејствува, треба само да се молиме.

 

Сестра Васа (Ларин)