На 27.11.2016 г, на Божикните поклади во 23 Недела по Педесетница, кога го празнувавме споменот на свети апостол Филип, Свети Григориј Палама и Светиот цар Јустинијан, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Св. Димитриј во Битола.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Разбирањето на Светото Писмо се дава според чистотата на нашето срце и смирението; тоа е длабочина недогледлива и бескрајна.
Преподобен Макариј Оптински