Божикен пост – какви задачи да си зададеме?

Не треба да си поставиме задача да станеме свети!

Не треба да си поставиме задача, на крајот на постот да станеме свети. Задачата треба да биде поинаква: да го поминеме постот, без да го нарушиме. Ни во храната, ни во молитвата, ниту во читањето на духовна литература.

Само, треба да си поставуваме реални задачи, кои ќе можеме да ги исполниме. Тука е потребна некоја здава смисла. Не треба да си земаме прекумерни задачи, но кога веќе сме зеле внатрешна обврска, треба да ја исполниме, не отстапувајќи ни чекор назад.

ilyashenko4
Протоиереj Александaр Илјашенко

При што, тие задачи треба да бидат сосема конкретни – наутро и навечер секогаш да се исполнува молитвеното правило, да се додаде на своето правило читање на катизми, читање на глави од Евангелието и апостолските Посланија. Да не се пропуштаат неделните, и по можност (ако дозволува работата) празничните служби.

Може дури и да си направиме план според календарот: „за време на постот, мора да одам во храм секоја недела, и уште толку и толку пати, во тие и тие дни“. Само не треба да си наоѓаме изговори.

Можеме да земеме благослов од свештеник, за да не биде тоа своеглаво.

Да, великите аскети, испосниците често во постот јаделе само еднаш неделно. Но, кога обичниот човек се обидува да се обремени над своите сили – тоа е гордост. Не треба да се споредуваме со големите светители.

Потребен е план за борба

Како што полководецот пред борба ја обмислува стратегијата до најмали детали – а ако не ја разработи, најчесто претрпува пораз – така и христијанинот, пристапувајќи кон постот, уште претходно треба да седне и да го разработи својот „план“. Отприлика вака:

nektariy3
Игумен Нектариj (Морозов)

„Јас се молам малку и лошо. Некогаш, се оправдувам со тоа што сум изморен, немам време, и го читам „Правилото на св. Серафим“, некогаш едноставно ги пропуштам утринските и вечерните молитви, некогаш пак – ги читам брзо и без внимание. Но, притоа ми остануваат сили и време да гледам телевизија, да разговарам со некого за сè и сешто по телефон, бесцелно да сурфам на интернет. То ест, малку и лошо се молам пред сè, затоа што живеам расеано и несобрано.

Значи… во постот ќе променам сè. Правилото нема да го пропуштам, ниту ќе го скратувам во текот на овие дни. Ќе станам повнимателен и ќе следам на што и за што го трошам своето време, кое постојано „го нема“.

Лошо се исповедам. На исповед пристапувам формално. Ги спомнувам гревовите, кои „најверојатно биле“, не оние – „кои сигурно биле“… И се каам за нив ладно и без учество на срцето. Не внимавам на себеси, не го слушам тивкиот глас на својата совест, не се испитувам вистински пред исповед, ни во некое друго време. Значи… Значи, повеќе нема да заспијам, без да си разграничнам што сум направил лошо во тој ден, без да си појаснам – зошто го направив тоа. Нема да заспијам, без да ги исплачам оние постапки, кои ме одделуваат од Бога, без да побарам за нив прошка во молитвата.

Постојано некого осудувам. Многу зборувам, не внимавам на зборовите, не размислувам – кому зборувам, зошто, и во моите зборови постојано се пројавува осудувањето, при што, не само кога навистина се лутам на некого, но дури и онака – редовно. Значи… Значи од првиот ден на постот ќе зборувам помалку, ќе размислувам за тоа што сакам да го кажам, одлучувајќи, никого, без крајна неопходност, да не го осудувам…“

Овој „план“, или поточно нацрт може и понатаму да се раздлабочува, да се направи подетален, поширок. Но мислам, дека принципот е јасен. Само, особено е важно во постот, особено во повеќедневните како Божиќниот, неколку пати да седнеме и да размислиме: а сигурно се придржуваме до својот план, го исполнуваме, не сме отстапиле ли од него, не сме ја изгубиле ревноста? И да го исправаме она што е неисправно…

Извор: pravmir.ru