Грешка е – кога Бог станува не цел, туку средство за живот. За жал, на повеќето луѓе Христос не им е потребен. Потребно им е на луѓето, кај нив сè да биде добро; а Бог треба да биде средство за тоа. Потребно е семејството да не се распадне – одиме во црква да се венчаме. Потребно е децата да не ни се разболуваат – ги крштеваме, причестуваме. Потребно е, да не ги фаќаат на зарек, магии – песок од гробот на позната подвижничка, поставуваме во аголот. Синот пие – акатист на Неупиваемата Чаша да прочитаме. Мажот ве тепа – на поклоничко патување. Гледаме дека трудот се насочува на тоа, не да бидеме со Бога и да живееме со животот на Светиот Дух, туку на тоа, да добиеме нешто од Бога. Бог настапува како гарантер за нашиот успешен живот. Синко, дај Ми го срцето твое – вели Христос, – а сето останато, Јас сам ќе ти го дадам, зашто во срцето на човекот може да се смести Царството Божјо. Господ им заповеда на Своите Ученици: барајте го најнапред Царството Божјо и Неговата правда, и сè ќе ви се придодаде.
Старец Јероним Егински