Еден свештеник од Северна Калифорнија, служел во парохија од бивши евангелски христијани, кои преминале во православие. Кога нивната општина процветувала, а сеуште не била православна, кај нив доаѓале совршено различни луѓе за да ја слушнат од нив Благата вест. Еднаш, до црковната зграда дошол млад човек на мотор „Херлеј-Давидсон“. Неговиот надворешен изглед, зборувал за неговиот светоглед, но тој со искрена желба сакал да слуша за Исус. Меѓу него и пасторот (кој подоцна стана православен свештеник, и ни го раскажа овој расказ) се изградиле добри односи и младичот постепено почнал да го менува својот начин на живот. Тој ги отфрлал пороците еден по еден, додека пасторот не му рекол дека доколку сака вистински да Го следи Христос, „бајкерството“ треба да го остави во минатото. На младиот евангелист тоа ми изгледало премногу тешко, и тој ја оставил општината заедно со нејзиниот пастир и повеќе не планирал да се врати кај нив.
Бајкерот си заминал на својот „Харлеј-Давидсон“, но наскоро преживеал ужасна несреќа, во која ги изгубил нозете. На крај, младиот човек се вратил во „старото друштво“, кои завршиле во полуразрушен дом со ниска кирија. Тој дом се наоѓал во запуштениот дел од градот, каде што престапноста била доста развиена. Една вечер, кога тој и неговите другари особено енергично се предале на алхохол и наркотици, нашиот младич се слизнал и ја изгубил свеста. Неговите пријатели, кои исто така, биле далеку од трезвена состојба, помислиле дека е мртов. Не знаејќи што да прават со него, како и обично, одбегнувајќи секаков контакт со полицијата, тие го извлекле неговото безножно тело на улица и го фрлиле во првиот контејнер за ѓубре.
Во тој контејнер, младичот и се разбудил следното утро. Тоа навистина било ужасно будење – да се разбудиш, оставен од сите, исфрлен во контејнер за ѓубре. Извлекувајќи се од контејнерот, кој за малку ќе станел негов гроб, младичот седнал покрај него, исполнет со црни мисли: „Ете, до што дојдов. Бескорисно човечко ѓубре. Исфрлен, како непотребни отпадоци“.
Задлабочен во тие очајни мисли, одненадеж го забележал присуството на некоја постара жена, облечена во партали – таквите жени ги нарекуваат „бездомнички“ [1]. Таа му се приближила. Нејзиниот изглед бил доста строг и изобличувачки. „Знаеш, каде треба да одиш – рекла таа, обраќајќи му се на младичот. – Тогаш, оди таму“. Во истиот момент, младичот се сетил на бившиот пастор и црквата, во која тој речиси се преобразил. Цврсто одлучувајќи да ја пронајде повторно, тој се вратил во градот каде што се наоѓала.
Но кога стигнал до познатиот храм, го видел преобразен. Покривот бил овенчан со златни куполи и крстови, и целиот ентериер се сменил. Немало веќе никакви седишта, а напред стоеле некакви прегради со чудни образи на светители. Тој разгледал по страните, зачуден и неговиот поглед паднал на образот на една жена – истата „бездомничка“ која му кажала каде треба да оди, во страшниот час на депресијата. Тоа била блажената Ксенија Петербургска, заради Христа јуродива.
Таму, младиот човек го сретнал својот стар пријател, кој дотогаш веќе станал православен свештеник во расо и со крст. Младичот се крстил и почнал да живее живот на оддаден парохијанин, но овојпат, вистински преобразен.
Не знам што се случило со тој човек, но нема никакви основи да мислам дека веќе не е во таа парохија, туку на некое друго место. Но, оваа историја ми ја раскажаа пред 15 години, и ве молам да ми простите или да ме дополните, доколку пронајдете некои неточности. Сепак, останува фактот, дека ова чудо на блажената Ксенија се случило со човек, кој дотогаш не знаел за неа ништо и живеел многу далеку во Русија, во моментот, кога за него тоа било најнеопходно.
Монахиња Корнелија Рис
Извор: http://www.pravoslavie.ru/62024.html
[1] Буквално „Bag lady“.